Ковид пасошот станува реалност: Исланд почна да издава потврди за вaкцинација за патувањето

Поврзано

Утре ќе се вакцинираат пратениците

Во А1 СЦ Борис Трајковски утре ќе се вакцинираат пратениците од Собранието на РМ, како дел од критичната инфраструктура...

ПЦР тecтот за kopoнавируcoт нема никаква врска со миkpoчипoBи

Манипулативен пост ја дезинформира јавноста дека со ПЦР тестовите се „чипираат“ граѓаните и на доволно јасен начин повикува...

Историска средба: Путин го покани Зеленски во Москва

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е подготвен да разговара за билатералните односи со украинскиот лидер Владимир Зеленски во...
- Advertisement -

Исланд започна со издавање на првите сертификати за вакцинација со цел да им се олесни патувањето на оние кои се заштитиле од Ковид-19, соопштија денеска тамошните власти.

Околу 4,8 илјади луѓе на Исланд примиле по две дози од вакцината против Ковид-19 и добиле потврда на платформата достапна на интернет од минатиот четврток, изјавила исландската министерка за здравство за „Франс Прес“.

Таа посочила дека целта е повторно да се овозможи циркулација на жителите, иако исландскиот сертификат во моментов важи само за патувањаво таа островска држава.

Исланд планира да прима граѓани на земјите од ЕУ кои ќе започнат сличен механизам или ќе го преземат механизмот кој би бил воспоставе од Светската здравствена организација (СЗО).

Исланд не е дел од ЕУ, но се наоѓа во шенген зоната за слободно движење, што е ограничена со мерките за борба против коронавирусот.

Расправата за т.н. ковид-пасоши што ќе го олеснат патувањето во моментов е тема на дебата во рамките на ЕУ, но прашањето е далеку од консензус.

Земји како Грција се залагаат за такво решение за спас на нивниот туристички сектор, но од друга страна Франција и Германија сметаат дека е прерано за ваква дебата.

Latest News

(Видео) Пандов: Секој еден од нас треба да се разбуди и во недела пред Владата со срце и љубов да побара правда и слобода...

Претседателот на патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ  Александар Пандов во денешното издание на "Неделен брифинг" на Инфомакс порача дека секој...

More Articles Like This