КОГА ИМАШ ПРЕМНОГУ ВЕРБА ВО ЛУЃЕТО: Загина млад брачен пар, кој се обидуваше да докаже дека и луѓето од ИСИС се добри

  • August 17, 2018

Млада двојка велосипедисти возеле близу територијата на ИСИС за да докажат дека „Луѓето се љубезни“ и завршиле заклани.

„Злото е концепт доколку веруваш ќе се случи, кој сме го измислиле за да се справиме со комплексноста на другите луѓе.“

Идеалистички млад Американски пар бил убиен во терористички напад на терористичката организација Исламска држава минатиот месец додека биле на велосипедско патување низ светот.

Лорен Гејгн и Џеј Остин, двајцата 29, минатата година дале отказ од нивната канцелариска работа во Вашингтон, за да го почнат патувањето. Џеј, веган кој работел во американското Министерство за домување и урбан развој, и Лорен, вегетаријанка која работела во канцеларијата за прием на Универзитетот во Џорџтаун, одлучиле дека ги трошеле нивните животи работејќи.

„Бев изморен од трошење на најдобрите часови од мојот ден пред светлечки правоаголник, од боење на најдобрите години од мојот живот во делови од сиво и беж,“ напишал Џеј, на неговиот блог пред да даде отказ. „Пропуштив премногу зајдисонца додека мојот грб беше свртен. Премногу грмотевици поминаа непогледнати, премногу нежни ветриња незабележани.“ Двојката го документирала нивното едногодишно патување на Инстаграм и на нивниот заеднички блог. Како што пишува Њујорк Тајмс, тие споделиле „отвореното срце сакаме да докажеме дека и делата на љубезноста се повратни и од странци.“

„Ги читате весниците и сте натерани да верувате дека светот е големо, страшно место,“  напишал Џеј .

„Луѓето, нарацијата продолжува, не треба да им се верува. Луѓето се лоши. Луѓето се злобни.“ „Јас не верувам во тоа,“ и продолжува. „Злото е направи-верувај концепт кој сме го измислиле за да се справиме со комплексноста на другите луѓе кои имаат вредности, верувања и перспективи различни од нашите… Во голема мера, луѓето се љубезни. Понекогаш заинтересирани само за себе, понекогаш миопични, но љубезни. Прекрасни и љубезни.“

Сепак, сонот на Џеј и Лорен дошол до трагичен крај кога стигнале во Таџикистан, слаба држава со позната терористичка закана која ја дели границата со Афганистан, каде ИСИС и други терористички групи се многу активни. Тие се возеле на нивните велосипеди низ земјата на 29 јули кога автомобил им го пресекол патот, според ЦБС Њус. Пет луѓе искочиле од автомобилот и ги убиле заедно со уште двајца други велосипедисти, еден од Швајцарија и другиот од Холандија.

Два дена подоцна, ИСИС објавиле видео од истите луѓе како седат пред црното знаме на групата. тие гледале во камерата и се заколнале да убиваат „неверници“, според ЊТ.

Некои конзервативци ја врамуваат трагедијата како предупредувачка приказна не само за опасностите во патувањето, туку и за наивно воопшто. Во нивното раскажување, преголемото разбирање на човечката природа стои зад продгресивното движење на денешницата, вклучувајќи ги и повицире за радикално намалување на присилното спровесување на имиграцијата, полициското работење и поддршката на социјализмот.

Некои либерали, од своја стана, ги гледаат Џеј и Лорен како еднотавно несреќни. Експерти за регионот изјавиле на Вашингтон Пост: „Централна Азија генерално е пролично безбедна.“

Подготвил

Борислав Стоилковиќ

Претходно «
Следно »