КОГА МУ СЕ ПЛЕТКАШ НА ГАЗДАТА ПРЕД НОЗЕ: Трамп го турна премиерот на Црна Гора, бидејќи стоеше пред него!

  • May 25, 2017

Претседателот на САД Доналд Трамп за време на разгледувањто на зградата во која се наоѓа новото седиште на НАТО во Брисел грубо го оттурна премиерот на Црна Гора Душко Марковиќ кој стоеше пред него. За тоа сведочат и кадрите на сајтот на радио-телевизија РТБФ
tramp_nato

Новото здание на седиштето на НАТО е отворено во четвртокот во рамки на самитот на Северноатлантскиот совет во Брисел. Претставниците низ новото здание ги прошета генералниот секретар Јенс Столтенберг.

Вкупната вредност на изградбата и преместување на седиштето е проценето на милијарда евра.

Претходно Трамп изјави дека е под импресии од зградата, но дека нема да прашува колку чинело.

Црна Гора за прв пат учествува на самитот на НАТО откако сите земји членки на НАТО го ратификуваа договорот за нејзино пристапување во алијансата. Процедурата на зачленување на Црна Гора во НАТО ќе биде завршена на 5.јуни.

https://www.youtube.com/watch?v=ecTuW_KU7YE

Претходно «
Следно »