Коза во Србија изеде 20 илјади евра

  • December 6, 2018

Порталот aranđelovacinfo.rs објави дека во шумадиското село Раниловиќ кај Аранѓеловац, козата им изела околу 20 000 евра на сопствениците кои планирале со тие пари да купат уште 10 хектари земја и да го зголемат својот имот.

„Белка нè зави во црно”, рече семејството Симиќ, објаснувајќи дека тоа утро сè им тргнало на лошо.

„Станавме порано, ги преброивме парите, бидејќи човекот од кого ја купивме земјата требаше да дојде за да го потпише договорот и да му платиме. Парите стоеја на маса, во дневната соба и ние отидовме да појадуваме”, раскажа низ солзи снаата на Симиќ, Милена.

Вратата на дневната соба случајно била оставена отворена, што на козата Белка и било доволно за да влезе и да се почести со куп пари.

Претходно «
Следно »