КОИ ПРАТЕНИЦИ ЗЕМАЛЕ „ЦРНИ ПАРИ“ ОД ГРЧКИТЕ ТАЈНИ ФОНДОВИ: Македонските новинари бараат грчка „Ифимерида“ да ги објави имињата на новинарите од Македонија!

  • October 26, 2018

Здружението на новинарите на Македонија, Советот за етика во медиумите на Македонија и Независниот синдикат на новинари и медиумски работници вчера испратија допис до грчкиот веб портал Иефимерида, кој овој месец објави информации дека грчката влада потрошила милионски суми за корумпирање на македонски медиуми и новинари.


Во дописот ЗНМ, СЕММ и ССНМ бараат од уредништвото на Иефимерида да ги објави имињата на новинари и медиуми што наводно примале пари со цел да навиваат јавно за Договорот од Преспа.

Објавување на нецелосни информации во врска со работата на македонските новинари го урива нивниот углед и довербата пред јавноста и во исто време претставуваат злонамерни шпекулации, кои можат да им служат само на политичките интереси, соопштија овие организации.

Претходно «
Следно »