October 28, 2021, 5:46 am

Кои се последиците за организмот доколку редовно пиете енергетски пијалоци?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пиете често енергетски пијалаци со надеж дека ќе ви ја зголемат продуктивноста во текот на денот? Внимавајте, ефектот е краткотраен, а потоа дури и го зголемуваат заморот.

Руската нутриционистка Олга Корабљова откри кои се последиците за организмот, доколку редовно се користат енергетски пијалаци.

Според неа, енергетските пијалаци содржат високи дози стимулативни супстанции, како што се кофеин, гуарана, женшен и таурин (органска киселина). Ефектот на таквите пијалаци може да трае околу три до четири часа, а потоа се појавува уште поголем замор.

„Напливот на енергија се заменува со неговиот пад, бидејќи стимулирачкиот ефект се обезбедува на сметка на внатрешните резерви на телото. Доколку енергетските пијалаци се користат еднокрано, тоа не е опасно, но секојдневната употреба предизвикува проблеми со нервниот систем, настранува депресија и чувство на притисок“, вели експертката.

Корабjова додаде дека енергетските пијалаци можат да извршат дополнителен притисок врз срцевиот мускул, затоа не треба да се конзумираат заедно со кофеин, алкохол или да се користат по голем физички напор.

„Неконтролираната употреба на енергетски пијалаци може да предизвика хипертензија, мигрена, нарушувања на срцевиот ритам и проблеми со дигестивниот тракт. Овие пијалаци се газирани, поради што во големи дози можат да ја зголемат киселината во стомакот и да предизвикаат надуеност и дијареа“, предупредува нутриционистката.

Latest News

Се pacпаѓа ли парламентарното мнозинство? Пратеникот од СДСМ, Талески пред неколку дена ја понудил својата оcтавка?

Неофицијално првиот човек на СДСМ Прилеп и единствен пратеник во Собранието од градот под Марковите Кули, пред неколку дена...

More Articles Like This