Кои хороскопски знаци се најбогати, а кои немаат среќа кога се парите во прашање

  • November 12, 2018

Парите не се најважните во животот, но сепак тие се неопходни на секој човек.

Истражувањето што го направи веб-страницата CareerBuilder.com покажува на кои знаци ѕвездите им се навистина наколонети. Со анализирање на одговорите и платите што ги заработуваат припадниците на различните хороскопски знаци, се дошло до интересни поклопувања.

Па така, Биковите, Скорпиите, Лавовите и Раковите во просек заработуваат повеќе од 100 илјади долари месечно, што е повеќе од секое друго просечно примање.

Голем број астролози ги поврзуваат парите со втората и осмата астролошка куќа со која владеат Биковите и Скорпиите, така што не е чудно што овие два знака се најдоа на листата на најбогатите.

Голем број Бикови, под влијание на Венера, развиваат префинет вкус, па затоа луксузниот живот за нив е потреба што ќе им создаде чувство на сигурност, стабилност и удобност. Но вредните Бикови имаат смисла и за управување со финансиите, па нема да дозволат непотребно растурање пари.

Скорпијата, исто така, е во потрага по удобен живот, што најчесто и’ е овозможено поради вродените способности за инвестирање. Поради моќната енергија, на една Скорпија дури и најскриените желби може и’ да станат стварност.

ID:47000605

Лавовите сакаат да бидат забележани и почитувани, па многу често тоа и го постигнуваат. Нивниот енергичен настап е нешто што сите ќе го запомнат и поради што просто ќе ги обожаваат. Ваквиот општествен углед често им овозможува многу пари затоа што лавовите ќе вложуваат големи суми за да ја финансираат својата облека, подароци и раскошни вечери за блиските лица.

Пожртвуваните Ракови ги води желбата да го обезбедат сопственото семејство и грижливо да го уредат сопствениот дом. За да го постигнат тоа, тие ќе развијат работна етика и амбиција, па оваа желба наскоро ќе им стане ставрност. Вредните и успешни Ракови најчесто ќе продолжат да го живеат животот скромно, уживајќи во благодатите и во сигурностите што си ги обезбедиле.


На врвот на листата на хороскопски знаци на кои ѕвездите не им се наклонети на ова поле се Водолиите и Јарците.

Претходно «
Следно »