КОЛЕКТИВЕН СЕГА: Пpeдупpeдувачки марш на Синдикатот за култура

Поврзано

Јанушев од Свети Николе: Парите од рекетот наместо кај народот завршија во приватни џебови, земјоделците трпат

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев и носител на ИЕ 3 од Свети Николе порача дека на 15-ти јули...

Рекетот се префрли и во царина

Денес при проверка на царинската управа на влатрешна контрола кај две царински службенички констатирана е поголема сума на пари...

(Видео) Следете во живо: Христијан Мицкоски на средба со жителите на

Ппретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва оодржа средба со жителите на Велес. Неговото обраќање во живо проследете го https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/514062505954197/

Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ) точно напладне почна предупредувачки марш за потпишување колективен договор со кој ќе се уредат платите, коефициентите според сложеноста на работните места и условите за надоместоците на плата во дејностите од културата. СКРМ на 20 јуни донесе одлука за штрајк доколку до крајот на септември не биде потпишан колективен договор и не се донесе нов закон за културата, пренесува Фокус.

– Помина 30 септември, колективен договор сè уште немаме и затоа денеска излегуваме со марш како последно предупредување пред да ја активираме нашата постапка за штрајк. Со Министерството за култура сме во добра соработка, на наше барање по долго време се активираше работната група за колективниот договор. Сме во преговори и се надеваме дека ќе постигнеме некаков договор. Имаме ветување и од Владата дека средства за колективен договор ќе бидат обезбедени и дека тој ќе се спроведе од 1 јануари 2020. Но, тоа не значи дека не треба денес да маршираме. Нашето искуство покажа дека ветувањата не беа исполнети во минатото, изјави Сања Арсовска, претседателка на СКРМ, на стартот на протестниот марш зад Филхармонијата.

Минатата година биле изоставени од колективен договор и затоа, рече таа, Синдикатот бараше нивелација на платите која се спроведе во мај годинава.

– Нивелацијата се протолкува како зголемување на платите во културата. Не, тоа беше порамнување на платите и исправање на една неправда што се случуваше во минатото. Она што сега им следува на вработените во културата е колективен договор во кој ќе се уредат платите, коефициентите според сложеноста на работните места, точно ќе се уредат условите за надоместоците на плата, истакна Арсовска.

Додаде дека заложба на СКРМ било да се потпише колективен договор врз основа на нов закон за култура, но бидејќи законот со кој би се регулирале правата сè уште не е донесен тие, нагласи Арсовска, повеќе нема да го чекаат неговото донесување и колективниот може да го потпишат врз основа на постојниот закон.

СКРМ го продолжи маршот кон Владата од каде што учесниците ќе продолжат кон Министерството за култура и таму ќе ја искажат пораката на протестот – „Колективен сега!“

Актуелно

(Аудио) Вице Заев и екипата купуваат гласови во Струмица?

Веќе проверената технологија на купување на гласои за која читавме и слушавме на снимка што ја објави италијанскиот весник...

Се огласи поранешниот воџа на „Koмитите“ за операцијата Атлантик: Жути никогаш не наведнал и нема да наведни кичма како тебе „Кико“

Љупчо Палевски попладнево на прес конференција со јавноста сподели документи и докази за следење на македонски граѓани поради наводен домашен тероризам, поточно македонски екстремизам....

(Видео) Следете во живо: Христијан Мицкоски на средба со жителите на Свети Николе

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари средба со жителите на Свети Николе. Проследете го во живо неговото обраќање: https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/602440627318143/

(Документи) Митовски: Ова е тepористичка држава

Во Македонија се прислушкувале новинари, политичари и активисти на движење кое било против референдум на кој требаше да се легитимира промената на името. За...

120 нови случаи на Koвид 19 во Македонија

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1367 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-63, Куманово-4,...

Повеќе вести