September 29, 2020, 10:04 pm

КОЛКУ СМЕ БЛИСКУ ДО „ВТОРО ПОЛУВРЕМЕ“: Заев и „чадорот“ забрзано работат кон конфликт – ќе дозволиме или ќе истраеме?

Поврзано

(Фото) Здравството пред кoлaпс: Главната сестра на Инфekтивна клиника, и уште 2 сестри даваат отkaз

Главната сестра на Инфективна клиника, и уште 2 одделенски сестри даваат откaз во еден акт. Причините ќе оставам да...

91 основно и 33 средни училишта одбиeни за настава со физичко присуство

Владата денеска го усвои извештајот на Комисијата за давање согласности за организирање настава со физичко присуство во училиштата за...

Клacтер на Институтот за рaдиологија?: Рентген техничар одел на работа со симптоми на koвид-19

Рентген техничар на Институтот за рaдиологија (рeнтген институт) е позитивен на кopoнавирус. Според првичните информации, тој доаѓал три дена...
- Advertisement -

Македонската јавност денес беше сведок на срамен обид да се прикрие вистинското злосторство кое се врши врз Македонија. Откако Заев во неколку наврати најави воведување на двојазичност и федерализирање на државата како продолжеток на растурањето по озогласениот Закон за територијална поделба кој произлезе од Охридскиот рамковен договор, вчера беше најавено дека Македонија треба да го укине договорот и правата на Албанците да ги прошири во Уставот

zaev_verus_vtoropoluvreme

И не само тоа, лидерот на партијата која сака да се презентира како државотворна, пред албанската дијаспора во Берн, Швајцарија ја обвини Македонија за сите проблеми на Балканот, практично декларирајќи ја Македонија како извор на нестабилност и извор на злото во регионов.

Во само една реченица, политички неписмениот Заев предизвика колапс на сите досегашни обиди на генерации Македонци кои се обидуваат да го докажат правото на наша сопствена држава, црква, јазик, правото на декларирање на вистинската историја. Тоа со изјавите на Заев падна во вода.

zaev-verusevski-skopje-1

Целата оваа кампања за дезинтеграција на државата започна од дувлото, од осилото на злото. Станот на Зоран Верушевски, кој како и пред 15 години, така и минатата година по нечија наредба започна со кампања која треба да го потврди „второто полувреме“ од 2001 година. Или ние или тие, е мотото под кое се водат овие неколкумина политички терористи кои во трката за власт, се слепи и не ја гледаат сценираната претстава во која тие се само марионети кои еден ден, наскоро, ќе бидат фрлени и заборавени во некоја остава позади сцената.

Веќе две години, ниту Заев, а од поскоро ниту Катица Јанева не успеа да ја објасни скандалозната „Скајп“ комуникација помеѓу Зоран Верушевски  и Ѓорѓи Лазаревски, инаку и двајцата осомничени во аферата „Пуч“.

Дел од комуникацијата која ја воделе преку „Скајп“ прво и петтосомничениот

 

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

23:03-02.02.2014
(ѓ.л)кока кола10а:тричко ја погоди-заев треба да учи од кличко, а не од вучич
(ѓ.л)кока кола10а:за да го помрдне старинскиот задник
(з.в)оркестар11:амнестиран политичар било ко пуштен педофил
23:05-02.02.2014
(ѓ.л)кока кола10а:море боксерот добро се брани
(з.в)оркестар11:знаеш ти одамна ова ќе бидат тешки времиња
(з.в)оркестар11:ќе биде страшно во моментов кога ќе добијат нов мандат, а тоа личи на неизбежно
(з.в)оркестар11:требаат големи чуда, чудата се започнати
(ѓ.л)кока кола10а:треба да ги задржиме

09:50 15.04.2014
(з.в)оркестар11: море украина се распадна
(ѓ.л)кока кола10а: не сме далеку и ние
(ѓ.л)кока кола10а: соцјалдемократскиот сојуз нема капацитет за преврат
(з.в)оркестар11:слушај да не заборавам побарав финансиска поддршка за тебе без да спомнувам име реков имам потреба за 500 евра месечен надоместок за ангажирањето на човекот кој ја подготвува презентацијата ми рекоа нема никаков проблем
09:06 14.05.2014
(з.в)оркестар11: не сакам да лупам ама имаме голема можност да направиме вредни работи за фамилиите
(ѓ.л)кока кола10а:ние имаме фамилијарен став преземен од фрчко пред 1 година
(з.в)оркестар11: како да му објаснам благодетите ќе ги споделуваат нашите семејства

[/kopa_block_quote]

 

Пред 15 години, овој ист човек ја предизвика аферата „Големото Уво“ која заврши со воен конфликт. Многу крв, жртви, деца оставени без родител, мајки без синови, семејства во црно. Сето ова за на крајот да се потпише погубниот Рамковен договор во Охрид, кој Зоран Заев вели дека е недоволен.

Тоа може да значи две работи.

Или навистина ќе имаме „второ полувреме“ од 2001, или ќе дозволиме Заев да биде тој кој што ќе ја спроведе федерализацијата. Единствената реална шанса е сепак дека владеачката коалиција убедливо ќе победи, а според комуникацијата на Верушевски тогаш треба да очекуваме „Украина“.

ukraine-maidan

 

 

Хронологијата на настаните помеѓу 2001 и денес е речиси идентична.

Прво, се појави најава за афера со прислушкување која предизвика бурна реакција во јавноста. Како и тогаш така и пред две години, во првите борбени редови беа новинарите финансирани од фондовите на УСАИД и Сорос кои ја водеа ударничката акција. Со таа разлика што во 2001 година, новинарите протестираа пред МВР, а минатата година новинарите ги организираа партиските протести на СДСМ. Значи „еволуирале“.

policija_planina_teroristi

Како и во 2001 година, така и минатата конфликтот започна со „изолиран“ инцидент во пограничното село Танушевци. Лани, имаше ист таков обид во Диво Насеље. Разликата е во тоа што, за разлика од Владата во 2001-та, оваа настапи силно и решително и ја елиминираше терористичката група за која на крајот се докажа дека е група составена во Косово, а меѓу редовите имале и странски инструктори, податок кој беше „редактиран“ и забранет да се објавува. Повеќе од доволен доказ дека групата во Диво Насеље била организирана и логистички поддржана од претставници од Бондстил беше и присуството на високи воени претставници од „Бондстил“ на погребот на терористите. Дотолку повеќе што и еден од командантите на групата кој денес е во затвор во отворено писмо призна дека имале поддршка токму од воени и дипломатски претставници.

Впрочем, Заев и Спасовски уште утредента беа нацртани на местото на злосторот и се фотографираа насмеани со јатаците на терористите.

zaev_spasov_divonaselje-640x361

Првата акција која требаше да биде иницијална каписла, слободно можеме да кажеме дека беше сузбиена.

Откако не успеаа на сила, падна и барањето за формирање на Специјално обвинителство, кое патем кажано е неуставно од самиот корен. Сепак, недоволната поддршка во јавноста за предизвикување на конфликт доведе и до барање за формирање на ваква институција која треба да служи како пропагатор и агрегатор на конфликт во општеството, притоа покривајќи ги грешките на Заев.

policija_specijalci_kumanovo

Да не заборавиме и на обидот на Катица за компромитирање на националната безбедност, кога со судска наредба издадена без основ, заедно со багабонти вработени во единицата „Алфа“ од страна на Спасовски имаше обид за вооружено преземање на УБК. Инаку, судјката која ја издала наредбата која подоцна беше повлечена е истата онаа судијка за која во судските лавиринти се зборува дека е во блиска комуникација со амбасадата на САД, најверојатно со Кристина Каранакова која пак ги диктира пресудите и барањата, притоа вршејќи притисок врз судиите. Пресуди и решенија кои ги бара СЈО, а кои се наложени токму од амбасадата.

kriminalicimvr

Колку сме блиску до второ полувреме, ќе покажат изборите на 11-ти декември за кои има сериозни индиции дека соработниците на Заев, радикалните исламисти како Мухамед Зекири, Едмонд Адеми и Чаушот веќе стапиле во контакт со терористички групации кои треба да предизвикаат инциденти на денот на изборите, а со тоа и да се прогласат за неважечки. Ова сценарио е дефинитивниот влез во нов конфликт.

 

A.M.

 

1 коментар

Latest News

МК „хотел Мериот“, Телма и Заев – тоа е коалицијата

Во интервју кое на социјалните мрежи на големо се коментираше поради непрофесионалноста на водителот, еден долгогодишен новинар постави лош...

Поради дефekт дел од Центар ќе остане без вода

Од ЈП Водовод и канализација информираат дека утре поради дeфект на затварач ф 80 мм., на ул.Филип Втори Македонски ББ (карши Жена Парк), прeкинато...

Семеен „бизнис“ во Кавадарци: Татко и син заедно произведувале и продавале дpoга

Основното јавно обвинитeлствo Кавадарци донесе наредба за спроведување на иcтражна постапка пpoтив две лица, татко и син на возраст од 56 и 33 години,...

(Фото) Здравството пред кoлaпс: Главната сестра на Инфekтивна клиника, и уште 2 сестри даваат отkaз

Главната сестра на Инфективна клиника, и уште 2 одделенски сестри даваат откaз во еден акт. Причините ќе оставам да ги кажат надлежните, сестрите си...

Уапасена целата екипа на Малагурски од сред снимање

Првиот ден од снимањето на документарецот "Црна Гора: Поделена земја“ во Подгорица, полицијата во Подгорица ја уапси екипата на Борис Малагурски и ги спроведила...

More Articles Like This