October 20, 2021, 9:20 pm

КОЛУМНА НА ДАРКО ЈАНЕВСКИ: Малку мозок, многу забава!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Darko-JanevskiКога на човек му треба забава, обично тоа си го организира сам. До него е дали ќе пушти нешто забавно на телевизија, ќе излезе, па ќе се забавува на друг начин или ќе смисли некоја трета варијанта. Но, веројатно, последно нешто што би му паднало на памет е дека од парите што тој ги плаќа како данок на државата треба да му се земе за истата таа држава да му организира комедии преку некаква си Агенција за медиуми или преку некакво си ад хок-тело. За ова тој не овластил ниту една политичка партија во Македонија ниту еден политички лидер, уште помалку, пак, овластил некои странски амбасадори од САД или ЕУ да режираат палјачо-претстави.
Оттука ова што се случува со т.н. правила за мониторирање на медиумите во предизборието се сведува само на прилично глупава шега. Зашто ниту некому му е гајле како Латас од „Сител“ го најавил СДСМ, уште помалку некој исече вени затоа што на „ТВ Нова“ имале остар тон кон Kире Наумов. Ако од тонот и бојата на гласот на водителот зависи кој како ќе гласа, ако сега и на тој начин треба да му се помага на СДСМ за да добие некој ќорав глас повеќе на изборите, тогаш многу веројатно е дека на крајот ќе испадне – ништо од бизнисот, што води кон тоа дека во таков случај или ќе треба повторно да се одложат изборите на 11 декември за да не биде 25 отсто за ВМРО-ДПМНЕ и 15 отсто за СДСМ или истиот ден ќе биде потребна уште една операција која ќе се вика крадење гласови за да се подобри контото на Заев и за да може сета оваа предизборна глупавост да се оправда. Демек, ете ви рековме дека проблемот беше во тоа колку минути мали Ѕинго му давал на СДСМ.

Нормално, сега ја имаме ситуацијата каде што барем за дел од неопределените „Сител“ и „ТВ Нова“ се жртви. А народот, по правило, сака да се приклонува кон жртвите. Шутраци, веројатно не ви беше целта тоа, нели?

Се разбира, ова не е единствениот фронт на загрижените за десетте последователни порази на социјалдемократите. Тука е Kатица Јанева како посебна елитна единица за комедии за која исто така ни земаат од џебот. Еве тука бил и Ричард Ховит, кој да беше интелектуално способен да му помогне на СДСМ, ќе знаеше дека последно нешто што треба да направи е да се појави на Kонгресот на партијата. Не за друго, туку затоа што беше известувач за Македонија, а сега и на последниот неверен Тома некако му светнува дека забелешките во извештајот кон нашата држава во време на Ховит се мотивирани од друг аспект, а не од аспект на вистината. Со други зборови, го имаш Ховит на говорница кај Заев кого го милуваш, му носиш поени на Груевски кого не можеш да го смислиш. Kојзнае, да побараше пари од ВМРО-ДПМНЕ за ваков чекор, Ховит можеби денес ќе беше побогат. Толку едноставно, а толку сложено. Не за сите. Само за некои. Оти мозокот е навистина чудна машина.

Дарко Јаневски
Дневник

1 коментар

Latest News

Чеда Јовановиќ е дојден во Македонија да му помогне на СДСМ за втор круг

Александар Митовски од Инфомакс во вечерашното гостување во емисијата „Јади бурек“ на ТВ Сонце, зборувајќи за изборите, истакна дека...

More Articles Like This