КОЛУМНА НА МИЛЕНКО НЕДЕЛКОВСКИ: Македонија мора да се распадне!

  • December 4, 2018

Јасно е дека сите човечки и морални вредности кај нас и во светот се отидени у курац. Се ништи традицијата, се укинува фамилијата, мерка за љубов е парата, црквата е место на Содома и Гомора, децата се мета на педофили, образованието е укинато… Со еден збор, крај на човештвото какво што го знеме.

Па така, никаков скандал, домашен или интернационален, веќе не предизвикува згрозување, реакција, осуда…

Не, текстов не е за кловновите во македонскиот парламент, бидејки тие може да гласаат што сакаат, владата може да потпишува што сака, ама тоа е илегален, незаконски и неуставен чин. Народот, суверенот на државата, си го кажа своето на референдумот. Тоа решение не може да го брише пониска инстанца. Тоа би било како да одлука на Апелација поништи Основен суд – не ја бива таа рабта. Секако, ова насилничко однесување на фашистичкиот окупатор (странски со домашни квислинзи) ќе си ја спроведува целата зададена аѓенда, ама секое зло дошло до својот крај. Па така ќе биде и со ова. Европа, по улиците веќе има апсолутно нова политичка реалност. Тој француски бран се претвори во цунами кое сега се шири и јужно кон Шпанија, и северно кон Белгија и Холандија и источно низ Германија, Полска…

Текстов ми е за Основното Јавно Обвинителство. Обвинител, според законот, е лице кое мора да дојде (да ја открие и бара) вистината. Никако тоа не е лик, како оние од СЈО, кои наместо да откријат вистина инсистираат да докажат вина.

Секако, дека покрај усадени идиоти од најразлични политички структури во ОЈО, таму си има и нормален народ. Луѓе што завршиле школо за тоа да го работат. Тешко им е, знам, бидејки под притисокот од губење на работно место или уцена од обавен телефнски разговор мора да се однесуваат опортунистички и да се камуфлираат за да преживеат. Не ги оправдувам, ама ги разбирам.

Но, муабетот ми е, како тие луѓе се се справуваат со себе си и својата совест, кога треба да одат на суд за да гонат/тужат/обвинат некого?! За да прават такво нешто, тие и нивната институција би требало да имаат кредибилитет на професионалци, морално чисти, без криминален бекграунд, непоткупливи, нескршливи… Не мора сите да се Елиот Нес, ама барем да се десетина од тоа.

Но, како овие обвинители, кои имаат свои пријатели, роднини, комшии, колеги…, кои имаат контакти на професионално ниво со бранителите на обвинетите, со судиите, со поротниците – како побогу се појавуваат пред нив но и пред своето огледало наутро, со сознанието дека биле прислушкувани од апаратура сместена баш во нивната институција?! Тие што треба да се борат против криминалот, всушност биле заморчиња и клиенти на криминалците. На политичките криминалци.

Како обвинителот тој-и-тој ќе се испарви на судењето и ќе има свое обраќање и намуртена фаца, кога сите во судницата знаат дека бил прислушкуван, сниман а со самото тоа и уценуван?!?!?

Сите обвинители од ОЈО, сите до еден, се сега предмет на подсмев и сомнеж. Дури некој и слушалка да не дигнал, сознанието дека со години таму се прислушкувало, дава основан сомнеже дека тој-и-тој обвинител/обвинителка е уценет. Уценет за да гони некого за вина и да бара казна таква каква што уценувачот од него бара.

Јас, колку тоа и да звучи катастрофично, се радувам на пропаста на оваа и ваква држава. Оти Феникс, само од пепел може да изникне и полета. Ако французите имаат 5 републики, што па ние да немаме 4-та, после Илинденската, Асномската и онаа од 1991-ва?

Оваа и ваква држава, фала му на Заев, мора да се распадне, расколпи и појде од почеток. Со нов устав, ново Собрание, нов почеток.

Оти, секој партиски војник може да си го глорифицира својот лидер (Црвенковски, Георгивески, Бучковски, Груевски, Заев…) што во одреден период ја водел Република Македонија, но сите тие, на крај се испостави, дека биле и се политички калкуланти и цвикатори.

Скоро три децении оваа држава не спроведе владеење на правото. Апашите од приватизацијата оставени се на мира од сите гарнитури, иако Влатко Ѓорчев се бесеше по оградите на нивните хациенди, на пример. Свето, Хари, Штерјо, Минчо, Андреја, Доне и десетци други го украдоа народот и живеат без последици што илјадници луѓе оставија без егзистенција.

Безмалку три децении не се среди работата со разузнавчките и контраразузнавачките служби. Слободан Богоевски ли, Верушевски ли, Мијалков ли, Синиша Алексовски, Сиљан Аврамовски ли – сите тие од најбитните безбедносни институции си направија приватно гранапче. Сите, по примерот на Фрчкоски, си ги однесоа дома, во приватна колекција, сите можни досиејеа и (контра)разузнавачки сознанија.

Па така, господа од ОЈО, знаете ли зошто Вас ве прислушкувале? Вас, покрај сите други со разно разни странско-еврејски телефонски централи и системи.

Знаете ли зоштО?

Затоа што пред да дојде ова “Големо уво 3“, никого не обвинивте и судот никого не осуди за “Големото уво 1“ и за “Големото уво 2“. Затоа што предходниците во вашите обвинителски столчиња со децении се полтрони и извршители на властите што се актуелни во одреден момент.

Но, доколку беше поинаку, доколку имаше мажи во тоа обвинителство, или жени со муда како Мирка Велиновска, тогаш долго години зад решетки ќе беа Фрчкоски, Верушевски, Богоевски, Аврамовски… Па тоа ќе внесеше респект за вашата институција и страв од државата која си ги брани своите граѓани и нивната загарантирана приватност.

Вака, никој со години не одговарал за прислушкување, па зошто некој нов фраер да не проба и тој да си прислушкува. Оти нема страв до санкции.

Затоа, комплетен ресет е потребен за државава. Ресете кој ќе значи дека секое малцинство ќе си го знае своето место каде треба да седи и ресет каде што ќе се зне дека МАКЕДОНИЈА Е НА МАКЕДОНЦИТЕ.

Утре во 5 попладне се гледаме на митинг,

Миленко Неделковски
Дудинка.мк

Скопје, 04.11.18

08.47 ч.

Претходно «
Следно »