КОЛУМНА НА МИРКА ВЕЛИНОВСКА: Ајде да си играме држава!

  • July 22, 2016

mirka_milenkoВо една од занималните што Амбасадата на САД, преку донациите на УСАИД, демократски и републикански институти и разно-разни оддели на тајните им служби штедро ги гради во политичките градинки во Македонија, во средата вечер беше постигнат уште еден параисториски договор. Целта: благородна. Да се надминела кризата која сите н` чинела многу енергија и време!? Тоа е заклучокот на Радмила, експерт за варење компири без вода, за бонбона-бизниси и кирии, но и за торпедирање на Македонија со лажни извештаи. Заклучокот на Нино ,,Вмровски“ е уште посодржаен. Вели, попуштал многу, ама ~ се борел неговиот соперник, поглавицата ,,Црпната глава“ од партиското племе СДСМ да не добие ништо суштинско. Преговарачот од племето ,,УЧK – Гурка“ Артан Груби задоволен од постигнатото во ,,договорот“ се пофали дека неговата партија го ќарила ресорот за внатрешни работи преку паралелниот заменик-министер кој ќе стапи во должност откако паралелниот министер од ,,Црпната глава“ ќе ја напушти позицијата. Според договорот и како во превратот во Турција во кој учествувале офицери Турци со косовско потекло. А договорот, како информација за простата маса, се обелоденува на страницата на американската и европската амбасада. На него нема овластени потпишувачи оти поглавиците не преговараа, туку нивните велики везири и везирка. Но договор имало.

Им ја честитам победава на сите глумци од политичкава градинка ,,ајде да си играме држава“. Kако што гледате драга моја проста масо, пучистите во Македонија се четирите партии со нивните евроатлански негувателки. Тие во етапи, со помош на старатели, се извештија низ серија ,,креативни“ проекти, од цврста државна градба со квалитетни темели и градежен материјал, да пресоздадат држава од песок. Или можеби од лего коцки кои лесно се пресоздаваат, се разградуваат, се местат по потреба. Играта се вика „Паралелна држава“ со упатство ,,употреби ја својата фантазија и направи си своја држава за твој ќеф“.

Не знам за вас, ама мене не ми фаќа црпкава со кој памет мислат поглавициве ова сериско срање да им го продадат како одговорна и умна политика на своите гласачи. Од рамката во хотел во Охрид, преку духот во рамка во скопското политичко подземје, па пржинската фарса во продолженија по клубови, кафеани и гостувања во амбасадорски резиденции, од државниот поредок и институции на Македонија фактички не остана ништо функционално. С` е разнебитено и фактички непостојно. На колективна амнезија ли сметаат? На вршење национална лоботомија преку НАТО запрашување ли? На замена на неподобниот македонски народ со покооперативен и понапреден? Оти што и да прават, реалноста е таа.

Јас, на пример, имам проблем да се убедам дека Македонија има политичка влада на чие чело е техничкиот премиер Димитриев што го премости Уставот и парламентот и со еден потег во песокот, со една смена на две коцкички, стана асли премиер, ама со обврска да води државна политика без суштина, ,,форме ради“, или, што се вели, протоколарно. За тоа време Никола Груевски во својство на партиски поглавица, паралелно се ландра ваму таму низ земјава или како трговски патник или како министер за локална самоуправа. Никој не знае зошто не се врати во политичката влада кога веќе техничката престана да постои. Жал ми е за Миленко, кој верува дека Груевски уште е премиер, иако реално тој не е. Жртва е на сопствената перцепција како човек кому му е ампутирана ногата, а тој уште чувствува дека ја има. И плус оваа заблуда не се труди да ја растури ни самото ВМРО, а па ни Груевски. Толку фактички го есапат народот на кој се повикуваат.

Нели така беше? Една слика илјада зборови! Не се знае богати како воопшто функционира Македонија во овој искреиран паралелен универзум. И што воопшто е реално, а што имагинација? Паралелното обвинителство си е тука. Го гледаме сите како појдовна спирка за револуционерните екскурзии и сафари тури. Ни се смее во очи со четири самозвани потписници легализирани во божемски парламент и одмолчани од божемски Уставен суд. Паралелизмот во институциите ни го поставија нашиве покакани ,,лидери“. Паралелните тајни служби на чело со Верушевски си се на место. Паралелната администрација, универзитетски пленуми, судии, обвинители, полицајци и офицери, се си е онаму каде што ни ги закачиле ,,негувателите и негувателките“ од странство. А нам ни се сугерира да славиме победа над хаосот и куртон-револуцијата.

Гледајќи ја Турција која пострада и за малку што не загина од паралелната посестрима, имплантирана преку радикалната исламистичка мрежа на мулата Фетулах Ѓулен која е партнер на ЦИА, а во име на одбрана на секуларизмот, не можам, а да не заклучам дека Македонија минува низ истиов процес. Со една разлика. Ние немаме некој макар сличен на Ердоган. Во смисла на решителен и одважен карактер кој ќе да организира операција темелно чистење. Сета одговорност му е трупната во раце на народот. И да мете и да дезинфекцира и да пере и да им брише задници на посраните партиски водства на избори. Оти им се доверил да владеат во негово име. Затоа, сега, за с` што прават не го информираат, не го сослушуваат, не го консултираат. Kомуницираме преку еднострани соопштенија, како во среден век со телали.

Единствена радост деновиве ми е да читам за провалената матрица по која кризираа држави, паѓаа влади, се спроведуваа преврати и се од еден ист центар на моќ и со една единствена цел – прекројување на државната мапа, менување граници, создавање нови виртуелни држави, организирање хаос и изведба на терор.

Ги жалам овие наши прозападни тутурутки со измиен мозок кои и сега не сфаќаат за каква игра се ангажирани. Она што нивниот газда Сорос го прави со вакви млади бета-мајмуни во Европа, во Хонг Kонг и Латинска Америка, мула Ѓулен го прави со Северна Африка и Азија. Обајцата се шпекуланти билионери. Обајцата се екстензија или агентура на ЦИА. Нивните следбеници се американска платеничка војска. Kако Гурките на империјална Велика Британија. Тие изведуваат и кризи и револуции. Тие се имланти во реалните држави. Заспани ќелии кои се активираат во преврати како нова паралелна владеачка елита. Kако и газда Сорос кој за своето ,,отворено општество“ потроши некои дваесет и кусур милјарди долари, така и овој мулава, има ,,подарено“ на муслиманскиот свет 28 милјарди долари. Што финансирани партии, невладини, интелектуала, бирократија, медиуми, војска, професори и учители, с` што е човечка инфраструктура е употребено во вмрежувањето во легалната држава. Од кај им се парите? Па не се од работа. На Сорос парите му се од берзанско коцкање, а на муслиманскиот пандан му се од операции на перење пари, трговија со робје, дрога и сл. – чуму да лафиме! Се богоугодни дејства за креирање рај на земјата. И за обајцава емигранти богата база на податоци има ФБИ, ама американскиот естаблишмент ги смета за корисни алатки за реализирање на своите империјално –профитни цели и затоа таму се примени како азиланти.

Е сега, откако организаторите на државен паралелизам и нивните мрежи станаа општо светско добро, откако се голи и ачик на увид на простите народни ,,маси и столици“, нормално е да почнат спектакли на отворено, стенд ап театарски претстави со многу хумор и сатира. Една од најсмешните е онаа за турската секуларистичка класа која се фатила како клен на дудинка на измамата дека Ердоган сакал да ја исламизира ататурковата оставштина, станувајќи така лесен плен на еден радикален исламистички мула која ја финансира ИСИЛ. Впрочем, како што нашиве соросоиди си мислат дека се борат за демократија и слобода со парите на еден асли фашист.

За Турција не се секирам. Има и водство и народна одлучност да ја разори паралелната држава што им ја имплантираа ,,стратешките партнери“ преку Фетулах. Со една акција ќе го очисти ѓубрето превратничко. Му ја мислам за кај нас. Има ли државава список на импланти во институциите? Ќе собере ли сила да ги евалуира судиите, обвинителите, офицерите, полицијата, универзитетите, школите и сите останати припадници на кастата општествена елита? Баталете ги партиите со нивните актуелни водства. Таму сега нема да најдете одважност за ваква операција и пред да почне да дејствува следната етапа на бескрајната криза а, по сигурно пропаѓање и на овој кобајаги договор кој и не е од државата Македонија, туку од две амбасади. Ако нема, историското искуство и логиката велат дека играва ќе заврши или со НОБ или со исчезнување на Македонија.

Мирка Велиновска за Дневник

Претходно «
Следно »