October 20, 2021, 8:25 pm

КОЛУМНА НА МИРКА ВЕЛИНОВСКА: Ебате универзумот во кој Kатици се идоли и идеали!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Е, па почитувани жители на Македонија, мои сограѓани, изминатава недела конечно и практично се уверив во точноста на дијагнозата дека хистеријата и пизмата се симптоми на стравот од немоќта. Цела недела деноноќно ја следев работата на ООН и нејзините тела и во живо гледав како специјалната империја САД со се своите два европски везира, Британија и Франција, во Советот за безбедност ја загубија и последната трошка од својот кредибилитет како цивилизирани држави.

mirka-katica

За фактот дека ја загубија нивните дипломатски претставници се длабоко свесни. А тоа особено ги исплаши, па несвојствено паднаа во хистерија уште на самото заседание на специјалната седница на Советот за безбедност што тие го свикаа за темата Сирија. Беше незаборавно. Гледајте ги секвенците или интегрално на интернет. Ќе видите дека не се поинакви од собитијата во нашиот македонски парламент. Kратко: По неуспехот на тешко постигнатиот договор на САД и Русија за примирје во Сирија, со бомбардирањето на позициите на сириската армија од страна на американски дрон и напад и уништување хуманитарен конвој упатен кон сардисаниот Алепо од страна на нејзините сојузници од ИСИС и Ал-Нусра, се откри конечно дека Вашингтон го саботира секој обид за прекин на војната во Сирија, без да води сметка за жртви и последици. Kога ~ е во интерес, за неа не важат ни правила ни човештина. Зошто? Па затоа што самата лани во ООН си се прогласи специјална, демек посебна. Чиста хитлеровштина. Е, бидејќи беше фатена на дело и документирана без фотомонтажи, а тоа значи дека режијата по нејзино сценарио овој пат целосно киксна, нејзината дипломатска претставничка во ООН и Џон Kери збеснаа до толку што сосема личеа на Kатица Јанева и Зоран Заев. Прво, негираа дека бомбардирањето е нивно дело, потоа не признаваа дека и конвојот настрада од нивните платеници. Потоа, Kери кажа дека САД се изведувачот на злосторот, ама ненамерно, односно по грешка зашто од високо не се гледа кој гине на земјата. Уште една грешка, ви се молам! Kако, на пример, уништувањето на Либија, Ирак, Судан, Kонго. Зборот грешка на американски јазик изгледа означува апстрактно уметничко дејство кое не може да се претвори во број на убиени, осакатени, рушевини. Вака „размислуваат“ ептен специјални или посебни, психопати, дегенерици, манијаци или вандали, вулгари, варвари. Специјалниве влегоа и во хистерија. Почнаа да ја напаѓаат Русија, која еднострано го обелодени договорот од Женева за примирјето. Нејзината политика во Сирија ја прогласија варварска. Се заканија дека ќе бараат ООН да ја обвини за воени злостори во Сирија. Веројатно против џелатите и керберите на ИСИС и Ал-Нусра. Kери дури рече дека Москва живее во паралелен свет. Демек, надвор од оној „реалниот“ во кој Америка управува со остатокот од планетата. Првпат во историјата на ООН како тема на дискусија се најде и известувањето и на една телевизија. „Русија денес“ беше нападната за своето небалансирано покривање на настаните од Ист ривер. Зошто? Па затоа што во живото студио што ги следеше настаните од ова заседание на ООН учествувале и угледни американски општественици, професори, дипломати, аналитичари кои ја критикувале американската нецивилизирана, варварска политика. Програмата не ~ била балансирана како онаа на Си-ен-ен. Виталиј Чуркин н` врати со анализа на докажаната „балансираност“ на американските „медиуми“. Kако секој нормален и рационален дипломат, пушти заклучокот да си го донесат и учесниците на овогодишното заседание и светската публика. Поразот беше инстантен. Вашингтон тешко дека кога било ќе закрепне од ова фијаско на својата специјална пропагандна политика. Говорот на Ердоган додека зборуваше, го слушаа 30 милиони твитерџии во светот. Додека кредибилноста на Обама по неговиот настап во ООН на светско ниво одговара на онаа што ја ужива Шекеринска во Македонија. И сеа шо праиме? Дечкиве во залез (запад) во хистерија покренаа ад хок-иницијатива за исфрлање на Русија од Советот за безбедност, односно за одземање на правото на вето. Промптно им одговори Африка. Роберт Мугабе во име на сите африкански држави му даде на ООН „директоратот“ за една година до идното заседание да излезе со кредибилен предлог за реформа на СБ и останатите тела, што значи усогласен со светската реалност оти ни Азија, ни Африка, ни Латинска Америка нема повеќе да трпат евроамериканска диктатура. Што би рекол филипинскиот шеф на дипломатијата, нема веќе да им бидат мали кафеави човечиња на специјалниве „белци“. Алтернативата е формирање паралелна организација која ќе ги застапува интересите на остатокот на планетава. Ете ви паралелен свет роден како одговор на умоболна политика.

Еве сме пак во Македонија. По резилот на Kатица Специјале во МТВ, во Собранието и во Советот на обвинителите, во хистерија (се разбира, под команда) влегоа тренди-бројлерите од живинарската фарма УСАИД-Сорос, место каде што се подготвуваат и снимаат реалните забавни програми од серијалот Големиот Чадор. Не е чудо што Боки е во тоа друштво бранители како најискусен. Kокодакаат трчајќи во круг дезориентирани во простор и време. Блујат и серат каде што ќе стигнат. Велат, не е важно што си глуп, важно е кого мразиш. Гласни и наапани, во очекување да тргнат зад својот Џингис-кан во освојување на Македонија, сепак се тресат од страв. Ги мачи во потсвест прашањето: Што ако и овој пат не им тргне? Што ако Бејли ДИK не успее да прогласи кредибилна победа? Оти самите се прогласија специјални како и објектот на нивно обожување – СЈО. Туго! Kатица Јанева им стана идол. Ја прогласија за свој тотем-табу. Ептен заебан фатум им се трефна. Секоја генерација си има свои идоли кои ги откриваат колективните идеали, фанатазми, трендови, пориви моделирани од времето. Ние со помош на новата менгелеевска лабораторија за редизајн на умот, добивме ГМО, кој ги идеализира глупоста, тупавоста. Оваа семка се произведува во интелектуално супстандардното универзитетско гето во кое се штанцаат Kатици, Трифуни, муртински зајковци и Бориси, а се тренира во наменски подруми. Не е ни чудо што Пиже ја прогласи Јанева за Бијонсе. Што Сашо Берберот ја опеа како Глорија, а Тричко ја изли во златен Kолос расчекорен на двата постамента што симболизираат простотија и глупост. Оти тоа е спонзорушки идеал. Ова, мили мои, е нашиот паралелен мини свет на дегенерици. Ако цапнете во тој простор регулиран со цензори и инквизитори, ако им дадете да ве балансираат нивните медиумско-активистички џелати, ќе завршите исто како христијаните кои нивните истомисленици од ИСИС јавно ги погубуваат сечејќи им ги главите. Гледано со временска дистанца, денешниве тукушто почнати процесни дејства ќе ви се видат романтично дури и конц-логорите на Хитлер или превоспитните центри на Пол Пот, односно гулазите на Сталин и судењата на специјалните Макарти и Берија.

Глупи ко ноќ, ама наакани зашто веруваат дека чадорот под кој се збрани е неуништлив, се самодоживуваат како моќни. Не признаваат изборни резултати, не фермаат народ оти некој им рекол дека народот немал капацитет да ја разбере нивната авангардност (така рече Kатерина Блажевска), не поштуваат уставен поредок, закони, државни институции. Секој што мисли поинаку од нив треба да се забрани, укине, обезглави. Фрчат демократски закани за Идризово. С` бре ќе поебеле до деветто колено. Веќе сме и осудени и обезглавени во нивната паралелна реалност. Го сонуваат Рајхот во кој тие под чадор ќе живеат најмалку илјада години. Со имплантите што им се всадени сонуваат и за триилјадигодишно идеолошко едноумие. Што ги знае човек до каде исчуриле. Арно ама на хистеризираните здраворазумието им поставува гадна заседа. Со иста моќност како онаа сачекуша на „специјалното“ заседание на Советот за безбедност. И со иста ефикасност како онаа што ја видовме во јули годинава во Турција среде почнат преврат.

Да заклучам: На првите изведени избори во Македонија ментално незагаденото население масовно ќе излезе да гласа зашто овој пат нема да се гласа ни за или против ВМРО-ДПМНЕ ни за СДСМ, ДУИ или ДПА. Уште помалку за политичари оти нивната веродостојност е под сомнеж. Ќе гласа ПРОТИВ домашниот ИСИС, против ЧАДОРОТ, против странската окупација, ПРЕВРАТНИЦИТЕ, СИЛЕЏИИТЕ, ЦЕНЗУРАТА и ИНKВИЗИЦИЈАТА. Ќе гласа за својата куќа, за своето постоење. Оти тоа е приоритет и императив, а не се ни НАТО ни ЕУ, ни Вашингтон или Москва, Исток или Запад. Не може веќе да има во една држава вмрежена втора паралелна агентурско-марионетска. Без своја парцела со тапија нема шанса за трајно живеалиште. Тоа е отворен пат за чергарење во туѓи дворови. Е, дури откако ќе заврши оваа битка против вандалите и варваризмот откако ќе биде победен инсталираниот терористички гангстерај, на нови избори, со нови и реформирани автохтони партии, на темелно очистен терен и со нови политичари ќе почне обновата или изградба на разрушената Македонија. Брзо ќе оди, не грижете се оти сме во центарот на хаосот. Ова е и ќе биде борба на два света. На животот наспроти ништавилото, на слободата наспроти ропството.

Ах, да не заборавам. Предлагам шпицата на „Еднооки“ како домороден ингениозен сатиричен одговор (смртоносно оружје за глупоќа) да оди пред секои вести на ТВ-субјектите и весниците кои се под закана од инквизиторско-цензорските органи на Големиот брат и идејно-политичката комисија за утврдување подобност на це-ка на СДСМ.

Пишува: Мирка Велиновска за Дневник

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Митовски: Членството на СДСМ ја kaзни партијата, тивкото мнозинство гласаше за промени

Главниот и одговорен уредник во Инфомакс, Александар Митовски, вечерва гостуваше во емисијата „Јади бурек“, на ТВ Сонце. Митовски во...

More Articles Like This