Колумна на Мирка Велиновска: Колективен кретенизам на Западот

Поврзано

- Advertisement -

Секоја година на 9-ти мај нормалните луѓе со здрав разум и историско помнење го чествуваат денот на објавената победа над ФАШИЗМОТ. Ова лудило на грст грандомани-егоцентрици-психопати кои ја предизивкаа Втората светска војна човештвото го плати со шеесет милиони загубени животи и стотици милиони со трајни последици од поствоениот синдром, од страшните трауми, од доживеаната бестијалност на нацифашизмот, од болката со која се соочувале а останале до крајот на животот врежани во меморијата. Ние, потомците на генерацијата што ги виде и ги одживеа овие страшни настани, си мислевме дека фашизмот е еднократна аномалија, односно, ендемска болест својствена за некои географски региони и дека по нејзиниот пораз, светот веќе нема да се сретне со него. Но ете, се сретнавме повторно во 21 век. И пак на тлото на КОЛЕЛТИВНИОТ ЗАПАД, односно, на просторот на кој се распослани ,,сериозните држави,, или ,,западната цивилизација,, односно, самопрогласената ,,меѓународна заедница,,. Она што е различно во гротескниов римејк на Втората светска војна е што Берлин и Рим сега се во Вашингтон и Брисел. Хитлер и Мусолини се клонирани во Вашингтон и Лондон а квислиншкиот корпус држави сега се именува како членки на ЕУ збогатени со Канада, Австралија и фиксот Јапонија која и по две атомски бомби не се опамети. Ново е и тоа што во овој постмодерен фашистички брлог на црпнати, отчовечени и штрапани во умот се придружија Македонија и Црна Гора но не со волја на Македонците и Црногорците, туку по желба на политичките им елити со своите експертутски и преститутски ,,заедници,, кои новиов евроатлански фашизам го прогласија за ЕДИНСТВЕН ИЗБОР И ЕДИНСТВЕНА ОПЦИЈА. Војна ќе воделе за да изградат подобро минато!? И за планета во која никој ќе немал ништо и ќе бил среќен!?
Алберт Ајнштајн кој бил познат и по својата духовитост има кажано:,, Постојат само две нешта кои се бесконечни. Тоа е глупоста и универзумот. За Универзумот не сум сигурен,,. И не случајно се вели дека историјата се повторува повремено како фарса иако јас оваа денешна секвенца би ја нарекла гротеска.
Во пресрет на 9-ти мај денот на победата над фашизмот, во колективниов запад се одржаа повеќе паради на СС дивизиите на ,,либералните фашисти,,. Централната прослава се одржа во либерална Украина со маршот на бесмртната СС дивизија ,,Галиција,, но и во балтичките, нордиските и слични бананистан источноевропски држави кои не останаа покусо бидејќи Западот е колективен и како таков организиран во НАТО гускино јато ќе војува со непријателот Русија и Кина. Одлучно ем храбро! Ќе умрат за Фирерот до последен. Како и минатиот пат. Во пресрет на војнава интензивно вежбаат. Се токмат и овде во Македонија и Бугарија, во Романија, Хрватска, Црна Гора, Албанија и Грција. Знаејќи колку длабоко веруваат во КАУЗАТА, убедена сум дека Радодајка Шеќеринова и Бранко Геров, Сашо Орданов, Црпко Заев, Владо Бучков, Бладе Милчин, Али Ахмети Талат Џафери со се Артан Груби и Бујар Османи и нормално, силно подржани од позади од духовниот татко на неолиберално-социјал-демократска фашистичка западно-балканска мутација, Бранко Црвенковски, особено како истакнати подржувачи на Мајданското палење на Рајхстагот во Киев и револуцијата во изведба на Бандеристичките СС единици по наредба на фирерот Обама, подмочувале од восхит дека се ближи денот кога и тие шоулдер ту шоулдер со НАТО ќе можат слободно да се судрат со армадите на Русија и Кина. За гротеската ми беше лафот. Сега сме до сцената кога колективниов запад кој некои го нарекуваат тоталитатистички запад, односно, неофеудален ,,фајв ајс,, калифат, преку кретеноидите Антони Блинкен (Вашингтон) и Доминик Раб (Лондон) гласно им се закануваат на нормалните антифашисти со бугарското ветување ,,ште те еба, ште умреш,, а на Русија и Кина дека овојпат конечно ќе ги цивилизираат (во превод ќе ги подивијачат) како нив. Богами со нетрпение ја чекам дешавката. Оти знам како ќе заврши. Пак! Фашизмот има вградена фабричка маана во својот ген. Страда од ароганција,суета и накурченост. На почеток! Зашто на крајот, кога и да се појавел, редовно се раскурчува. Но притоа страда од љубомора и завист, го глочка неуспехот, понижувањето и сопствената инфериорност заради пораз од ,,дивјаци,, нецивилизирани ,,варвари,,. Кога ќе живееш во сказна дека си специјален, црпнат од Бога, попаметен од сите други и како таков си предодреден да владееш со светот, сетики кога не очекуваш, ќе те победи некој Давид. Ова не важи само за Хитлерите туку и за оние кои решиле да им служат како измеќари. Ке наведам неколку историски примери:
Гај Јулиј Цезар влезе во политиката како напреден интелектуалец од благородно семејство кој сакал да му служи на римскиот плебс како негов гласноговорник. Заговарал промена на системот и тоа револуционерна зашто се залагал за реформи на системот, односно, чистење на профитерскиот елитистички Сенат. Стана победник, стана трибун, ама брзо се откажа од револуцијата и народот, па си се прогласи за Диктатор и како таков тргна да војува со цела тогашна Европа која според Цезар била варварска и дивјачка. И откако им тргна, та станаа ексепшенел, римјаните не запреа додека не остана камен на камен од империјата.
Две илјади и кусур години подоцна, Офицерот од Корзика, Наполеон Бонапарта реши да си ја проба среќата како нов Цезар. Прво беше револуционер во Француската граѓанска револуција. Стана дури Конзул и генерал. Па му се разви болеста мегаломанска и се амбицираше да ја освои Европа. Го постигна тоа молскавично и речиси без отпор па си реши и се прогласи за император кој своерачно си се круниса. Но и тоа му беше малку. Грандоманијата е опасно ментално заболување. И така реши да ја освои Русија. Онаа де што не се мери во километри туку во временски зони а ги има 13. Што да ви кажувам, џанам. Ако не сте бегале од часови по историја знаете како заврши таа фашистичка авантура и за Наполеон и за француската ,,империја,, а богами и за цела Европа. Специјално за франкофонска Полска која масовно го пречека освојувачот како свој ослободител и спасител од Русија. Ги лавна помрачина од еден цел век и од кој уште се опоравуваат сега под чадорот на НАТО надевајќи се на трета среќа со волшебното стапче на Вашингтон. Освен Украина и Полска, посебно трагикомичен пример на повторување на историјата е Чешка. Западно ориентирана, Чешка заборави дека Британците, Французите и Германците не и даваа цели 150 години да стане држава. А кога конечно ја признаа за држава, во предвечерието на Втората светска војна, во 1938 мртви ладни, Британците му ја таксаа на Хитлер како монета за раскусурување во партија покер. Слично ја снајде и Полска во септември 1939 година. Лондон спиеше со затнати уши, а Париз и со затворени очи за се расони изненадена и увредена од потезите на Адолф Хитлер. Откако станаа членки на колективниот запад и нов фашистички тоталитарен комплот си ја заборавија историјата, па тргнаа по умот на американските и британските кретеноидни а наакани господари да учествуваат во валкани игри на креирање на поводи за војна на оние кои знаат дека ја загубија битката за одржување на униполарната империја.
Напуваноста како и ароганцијата не се добри сојузници во процесот на мислење. Затоа веќе отсега ковертирам прогноза како ќе заврши оваа дешавка. Најголеми губитници по оваа политичко-биолошка-информативна и терористичка војна ќе бидат САД, Велика Британија со колониите Канада и Австралија, ситната ЕУ боранија, Шведска, Полска, Украина, Чешка, Бугарија, Македонија, Албанија, Романија. Грција како реликт од минатото евентуално ќе продолжи да живурка. Србија единствено ќе јакне како држава со избалансирана и релативно независна политика. Како впрочем и Унгарија и Австрија кои размислуваат стратешки. Франција ќе се спаси ако Макрон ја загуби власта, И Италија ако добие раководство кое не е поставено во Брисел и САД. Германија а веројатно и Данска овојпат е единствената која ќе куртули зашто уште не заборавила на двократниот пораз во две светски војни.
Русија и НР Кина како и други држави во Азија и Африка ќе си продолжат со развојот и ќе ги лечат раните од претходните искуства со евроатланскиот империјализам, колонијализам, ропство, расизам и пљчки кој денес е толку демаскиран и презрен што ни силната и заглушувачка пропаганда не успева да ја намали недовербата и презирот кон неофашистиве.
Патем, ние во Македонија одамна престанавме да го славиме 9 мај откажувајќи се така од најславната страница на нашата понова историја. Бевме како народ меѓу малубројните европски народи кои беа антифашистички настроени. Немамве квислиншка влада (освен Мане Мачков кого го убија тројца гимназијалци) имавме тек-тук некои бурски обожаватели. Но затоа имавме масовно партизанско движење во сите делови на расцепкана Македонија кои се бореа и против италијански фашисти и против германски, грчки, бугарски и албански квислинзи. Затоа нека ни е честит денот на победата 9 мај.
Смрт на фашизмот!

Latest News

Отворена нова истpaга пpoтив Гугл поради онлајн рекламирање

Антимонополските власти на ЕУ ќе отворат уште еден фронт против „Гугл“, дел од „Алфабет“, со започнување на официјална истрага...

More Articles Like This