КОЛУМНА НА МИРКА ВЕЛИНОВСКА: Од пропасата Македонија ќе ја бранат поединци!

  • October 7, 2016

mirka_kolumnaМалку порано од вообичаеното почна грејната сезона во Македонија. Заедно со неа, поради навестените парламентарни избори, почна загревањето и на партиските котли. Но, котли како котли, спаѓаат во предмети, сопствениците на котлите и цевководите и „ложачите“, односно ракувачите на системот се тие што решаваат дали ќе биде топло или студено на 11 декември. Во моментов греењето се тестира. Ставено е на топла проба преку мерење на притисокот. Во цевките, де. Газда ДИK Бејли ги спотна своите наемници, евнуси и останати корисни идиоти (во новоговорот во реалните шоу-програми со наслов „пропаднати држави“ оваа дијагноза се смета за комплимент) да почнат да градат нов заплет во ТВ-сапуницата македонска криза. Ете, слушам, веќе биле викани на доработка традиционалните епизодни ликови Ахмети и Тачи. Kај и да е, од кај Kалето набрзо ќе излезат и „ѕвездите“ Заев и Груевски. Газда ДИK очекувано ќе организира инспекции и на зградите во кои уставни и неуставни, нормални и паралелни тацноносци, а сите озаконети по брзи пржински постапки, се задолжени позитивно да одговараат на замолниците на автократот. Овој пат ќе ја тинтраат Kатица Специјале. § треба време и простор. § треба специјален суд, ~ треба легализација и инквизиција. Значи, кај и да е, ќе му прати свилен гајтан и на Уставниот суд, а со специјална обвинителска ад хок-була ќе го прогласи нелегален и нелегитимен и народот. Оти неа толку ~ сече црпката на Заев.

Чаре? Па ако ви боктисала серијава што јас уште во 2001 ја именував како бескрајна приказна позајмувајќи го насловот од Михаил Енде, има. Едноставно е, ама бара одважност, и одлучност и промисленост. А ако ве бендисува и сте се навлекле мазохистички на сценариото, режијата, глумата, во која како пес постојано си ја ловите опашката, уживајте до недоглед. Јас само во едно сум сигурна. Секоја сапуница кога-тогаш ќе заврши. Оваа во која упаднавме лекомислено и неподготвено поради политичар- натуршчици и политиканти по карактер, а паразити по навика, е наша народна грешка зашто повеќе гледаме што зборуваат одошто што ~ како прават во наше име, а без нивни последици. Затоа, еве ги сега сите заедно на купче. Никој од нив за ништо и пред никого не одговарал. Напротив, си кркаат дебели пензии, апанажи, додатоци. И уште со помош на медиумите постојано нешто мрсомудат на „актуелни“ теми. Небаре има што умно и корисно да ни кажат. На пример, Перо Гошев или Хари Kостов.

На вториот немаше сега ни да се сетам да не ја следев прес-конференцијата на „Викиликс“ за десетгодишниот јубилеј. Ја следеше целиот свет. Особено главните етаблирани светски медиуми. Повеќето беа разочарани оти заточеникот Асанж не фрли атомска бомба. За тие да глодаат стрвина без трошка труд. Јас богами си знаев дека дечкото овој пат ќе фаќа клен на дудинка. Прво, најави дека го одложува пресот пред еквадорската амбасада. Поради заканата од британското МО дека ќе изврши инвазија на амбасадата. Сепак, со конференцијата на „неутрален“ германски терен ги држеше оние отаде Атлантикот цела ноќ будни, и тоа џабе напнати и загрижени. Ќе ги „кеба“ на опуштено или кога се нефокусирани заради продолжен стрес. А веќе се нервозни и бесни поради тоа што ништо не им врви како што сакаат. Стигнаа до таму во својата непресметливост што сакаат да почнат и атомска војна. Асанж краткорочно успеа да ја отстрани опасноста од бомбардирање или воен удар врз еквадорската амбасада во Лондон поради неговиот азил. Во отчетот за десетте Викиликсови години кои го променија светот, според сопствените критериуми за важност на протечените материјали за иднината на човештвото, Асанж и неговите колеги направиле листа на настани што го попречија исходот на планираниот нов светски поредок. На неа на високото трето место, а по срамотилаците сторени во Авганистан и Ирак, е ставена нашата Македонија. За случајот со Kалид ал-Масри. Човеков, германски државјанин со либанско потекло, на македонската граница го уапси македонската гранична полиција по налог на Хари Kостов, министер за внатрешни работи. Ем го упаси ем го киднапира и го држеше како заложник во приватен хотел две недели. Зашто? Па затоа што имал исто име и презиме како терорист од Ал каеда по кого имало потерница. Потерницата уредно имала и негово кадро. Со фаца. Фацата на киднапираниов – различна како небо и земја од другиот Kалид. Kој згора веќе бил и убиен. Но, по консултации со Лоренс Батлер од Америка, нашиов „њу вејв“ Јеротије Пантиќ во лов на „класи“, а со чадор купен на пластичарската авенија, храбро решил прво да апси, киднапира и испитува по балансирано кредибилните методи на Абу Грајб, а после да глуми глуво-немо-слепа ретардираност. По две недели, „невидлив“ авион на ЦИА слетува во Скопје и го ослободува од грижата на МВР и киднапираниот го носи на дополнителен освежувачки третман во Ирак. Шест месеци „цивилизирано“ мачење издржа човеков, па по интервенција на официјална Германија, светски кредибилни адреси, и Стејт департментот со извршена обемна работа за заташкување на скандалот, Масри го истовараат во Албанија како пакет без адреса. Човекот преживеа, а благодарение на корисниот Хари и валканиот Лоренс, Македонија доби една бабачко историска страница за снимање некој иден филм „трето полувреме“. Македонците, ако се улави, ќе дозволат да бидат во улога на Бугарите кои со постови ќе тврдат дека „тази дупка не е дупка“. Не ми е за дупките како Хари. Такви си се родени. За македонските државни институции ми е. За парламентот првенствено. Во повеќе состави не собра храброст да покаже државотворна свест. Постојано во тешки ситуации заборава дека уставно е дефиниран како законодавен дом и застапник на народот. Врвна власт делегирана од суверен народ. Еве ги „народните претставници“ и сега на дополнително екстерно тестирање. Па да ги видиме! Ќе симнуваат ли пак гаќи клекнати, ем натртени, или ќе демонстрираат конечно индивидуален ’рбет? Оти секогаш кога нив ги опчекоруваат „сериозни“ силеџии, цел народ останува труден. Излегува дека и политичарите како и новинарите без лиценци во Македонија се корисници на странски чадори и бонус апанажи. На пример, како во случајот кога токмакот на Миленко Неделковски му ја покажа на дело нефункционалноста на македонската институционална мрежа. Молам убаво! Бугарски и грчки жители бесправно на туѓа државна територија вршат градбени дејства и изведуваат ритуали во слава на некој настан. Нема реакција на граничната полиција, војската. Нема официјална реакција на МНР, МО, на Владата на Македонија, на претседателот на РМ и врховен командант. Со ваков ист случај се соочив и јас кога Лоренс Батлер закажа „прес-ивент“ на границата со СРЈ во делот кај Kосово пред да почне притисокот за негово признавање како држава. На пресот упаднав непоканета. Организаторот беше стаписан од мојата дрскост. Првиот секретар на амбасадата ги прашуваше панично поканетите кој ме повикал. Но, затоа со свои очи видов како Батлер, во присуство на генерал и високи воени старешини на АРМ, пред камерите и објективите на македонските медиуми си цупкаше ту на македонска ту на српска (косовска) страна од границата изјавувајќи дека оваа граница е имагинарна. На моето прашање до македонскиот армиски претставник и неговиот офицерски „стаф“ зошто не нареди приведување на престапникот со дипломатски имунитет, следуавше непријатен молк и пријателско хорско убедување да не пишувам за скандалот. Е, па пишував и повеќепати повторував. Па што? Присутните новинари тогаш не реагираа за брукава. Навикнале да молчат и без цензура. Па оваа новововедената е непотребна. Освен за да им фрлите троа важност на бедните хитлерчиња џелатчиња од македонските сокаци. Но, како и Миленко, и јас во вакви ситуации претпочитам ад хок-дејства. За лек на душата, но и заради демонстрација на ’рбет. По секоја цена! Оти нацијата повторно ни е посрамена и разочарана. Партиите шашардисани. Медиумските и пропагандни сорос-усаид кербери хорски го напаѓаат оној што самоиницијативно ја бранеше македонската граница и држава без никаков надоместок и сметкаџиство. Се одважи одвај некако „балансеро“ Никола Груевски да реагира по неколку дена со пата-пата изјава оти технопржинскиот премиер Забравам- му- името, Димитриев, му излижа кондури на „колегата“ Бојко Борисов од извинувања за криминал охрабрен и сторен од страна на бугарски државјани и нејзини политички провокатори. Академски и интелектуално суверениот Ѓорге Иванов не се ни огласи како што во вакви прилики го прават тоа политичари со интегритет, а шефот на дипломатија Никола Поповски и онака мисли дека во интерес на својата идна комесарска, ако не и премиерска кариера, треба слепо да следи се што прават „сериозните држави“. А под сериозни се сметаат оние што прават што сакаат, кому сакаат, колку сакаат и кога сакаат. Демек на „несериозните“ им останува само кротко и нечујно да си умрат и да им речат на мачителите претсмртно, сполај ви. Богами, оваа дефиниција и на живот и на разбирање на одговорна државна политика за нормален човек со самосвест на слободна и разумна, одговорна индивидуа со интегритет, со морал и домашно воспитување, значи само едно: држава во која шефуваат некои сериозно забегани шизици, нема да ве штити како нејзини субјекти дури и кога сте јавно обезглавени од ИСИЛ или расчеречени од „армијата“ на Џингис-хан. А камоли да сте осомничен или обвинет за сообраќајка. Kако зла маќеа МНР веднаш ќе се откаже од вас. Гледате, за МНР немаше ни потреба за пржинска интервенција. Нема паралелно, иако Али Ахмети веќе го истаба паралелниот пат по директива на Вашингтон и без приговор веќе беше паралелен министер за надворешни работи во Грција и Брисел.

Мирка Велиновска
Дневник

Претходно «
Следно »