May 16, 2021, 10:54 am

Колумна на Мирка Велиновска: Симптоматологија на англо-американското лудило

Поврзано

- Advertisement -

Овој текст им го посветувам на храбрите и одважни македонски момци кои ги уапси и осуди како терористи квислиншката нелегитимна власт која по изведена куртон – револуција ја постави ЦИА, Брисел и НАТО на територијата на друга држава која се вика Република Македонија. Се вика тоа воспостави хибриден режим од човечки измет. Во нивна чест, а наша должност и кон нив и кон себе и нашето потомство, треба да се вклучиме во новата антифашистичка борба за нивна и наша слобода. Собирот закажан за 25 април е добро време јавно и гласно ние Македонците да им пратиме звучна порака на домашните фашисти кои по налог на Вашингтон и Брисел вршат геноцид над македонскиот народ и единствен сопственик на Република Македонија, дека нашата татковина никогаш нема да биде нивна вукоебина. Ниту експериментален полигон на смртта. Нема да прифатиме чипирање, вакцинирање со експериментални вакцини кои смрдат на биолошко оружје, а нас не гледаат како експериментални глувци. Попрво, ќе ги елиминираме сите нив до последен! И нема таков што ќе ги одбрани оти задниците им горат и на нивните евроатлански газди, инструктори, дресери. Нужно, сите тие токму овде, во Македонија, ќе се сретнат со својата судбина за да ожнеат што посеаја, да изедат што си зготвија, за да повратат со се своите утроби сѐ што ни украдоа, разграбаа, распродадоа. Првенствено нашите животи. Е дури потоа ќе легаат затвор до 500 години за дела против човештвото. За да се запази божјата казна за предавничко проклетство кое опфаќа девет колена!
Баш во времето кога истекуваше последната година од мандатот на британската ториевска влада на чело со Мејџор а се очекуваше изборна победа на „њу лејбор“ со Тони Блер, волшебно се случи епидемијата со вирусот КРАВЈО ЛУДИЛО. На ист таков начин, изненадно, пред официјализацијата на приемот на НР Кина во Светската трговска организација, а по агресивната планетарна пропагандна кампања за опасноста од труење со смртни последици ако се купуваат кинески производи, се случи пандемија со вирусот на ПТИЧИЈИ ГРИП. „Нормално“ во Кина. Малку пред тоа, а по повод непослушноста на Мексико кон својот газда во Вашингтон, случајно и од никаде се појави СВИНСКИ ГРИП, кој сега измутира во СВИНСКА ЧУМА како нова потенцијална пандемија. Во меѓувреме, зачестија изблици на „шарени револуции“ на разно разни вируси како ебола, мутирани сипаници, луди пчели, збрлавени комарци, одметнати лилјаци, сарс и мерс вирусни варианти јужноафрикаска или бразилска корона, за да се стигне до денешнава планетарна биолошка КОВИД 19 војна која Пентагон во содејство со групата супер богати дегенерици, умоболни, психо и социопати, му ја објави на човештвото. Тоа е времето на новиот евроатлански фашизам во кое живееме. Хитлерите на нашево време ги знаете добро. Уште подобро ви се познати слугите на евроатланските господари, односно, хиерархијата на четвртиот Рајх од англо-саксонското потекло преку испреплетеното НАТО-ЕУ нефункционално тело, до долгиот смрдлив опаш распослан планетарно а се состои од одгледани и истренирани локални измеќари – полит-шкопеници, калемени сливи во ЦИА овоштарници, живинарски фарми за одгледување соросоиди, петоколонашки цијашки платеници на Пентагон и НАТО, НВО бројлери, експертутки, преститутки, терористи, мафијаши, гангстери, божем политичари, имитација на луѓе локални наемници кои работат со договори по дело, а добиваат и бонус грантови.
Коронава ја посеаа, џанам. Таа никна насекаде. Арно ама, големиот планиран светски рисет, крахира уште пред да почне. Не, бе, начисто рокна! Што не беше случај со оригинерниот нацифашистички потфат на тиглавиот аждер (Берлин, РИМ и Токио) а зад кој тајно стоеше истиов евроатлански западен шлајм. Мусолини и Хитлер за разлика од сегашниве морони, барем во првите две години од Втората светска војна, во неколку дена ја ничкосаа цела Европа, Северна Африка и Европскиот дел на Русија и голем дел од Азија. Канада и САД, како и Латинска Америка имаа улога на уточишта за организаторите во случај на неуспех на фашистичкиот рисет. Беа претежно кибицери, а додека јавно хибернираа цели 70 години тајно се подготвуваа за објава на четвртиот им илјадагодишен рајх. Со нeверба дека овојпат сигурно ќе успеат.
Е ама овојпат постмодерниве накурчени глобал фашисти го засраа проектот до даска уште од почеток. Што е одлична вест за човештвото. Се преиграа со оваа вирус операција како повод за биолошка светска војна. Русија и Кина ги разгологазија планетарно и тоа на таков елегантен и супериорен начин што мекотеливеиве неолиберални демократски фашисти ем борци за секакви отчвечувачки права сега не знаат кај им е задникот а каде главата. Ги начекаа на отворено поле арогантно разгаќени што ни три помрачувања на Сонцето што ги планира Бил Гејтс, нема да им го покрие резилот. Значи, дојде време за раскурчување! Оти на западната пропаганда и хистерија, нападнативе Русија, Кина и практично цела Азија, Африка и Латинска Америка им дојде преку глава од наакани империјалисти, колонијалисти масовни убијци, криминалци, пљачкаши и трговци со робје.
И баш некако ми дојде жал за Радмила НАТО радодајка која нема да има време да се пува како таа и тие од црпнатиот холограмски „севереџан“ станале натовци, кога веќе не успеале да станат луѓе. Оти медицински е докажано од неуспешен абортус се раѓа недоправено човеколико суштество да не кажам шкарт за еднократна употреба (не можеш ни да го рециклираш во нешто корисно). И пошто сега станале НАТО, Пентагон фино лепо ќе ги испрати во Украина со се Бранко Геровски, Сашо Ордановски, Владе Милчин, Лидија Димова, Мирјана Најчевска, Билјана Секуловска, Јадранка Костова, Ацика Кабранов, Чом сениор, Саки и остала куртон шикишаана-апашаана да го брани суверен ем слободарски Мајдан. Рамо до рамо ем гордо, до тука бидува заедно со вулгарските им истомисленици, гркљанските им побратими, големоалбанските им мафијашки содружници, ќе војуваат со Русија и воедно со цела Евроазија. Оф мори мила моја мајко! Врховен командант ќе им биде Џо Бајден, а заменик Борис Џонсон. Има само еден мааал проблем. Вопреки лудите и штрапани, главно издресирани политичари –евнуси во ЕУ просторот, НАТО има огромен дефицит на војници прашинари кои се спремни да гинат за војсководци дегени ем лудаци. Пентагон тоа најдобро го знае.На онолку акции за собирање топовско месо, дури ни црните ни кафеавите а богами и белите од класата „деплорабл“ не се заинтересирани за троа дрога и некоја илјада безвредни долари да изиграваат Рамбо. Затоа регрути ќе се бараат од Полска, Чешка, Словчка, Балтикот, Балканот (Романија, Бугарија Албанија и напалена Грција) и такви некои запустени места. Германци, Британци и Французи, Италијанци, Шпанци, Холандези, Данци, Шведи, Норвежани и Финци нема да има ни за лек на прва фронтовска линија. Како за право, тешко да ќе се најде и некој здрав во умот Украинец.
И што да се прави сега? Русија џентлменски отворено ги покани, кога веќе им се војува и гине, бујрум, да дојдат на срешта. Кина ги покани на расходка и до кај нив. Патем, како трејлер пред голема кино римејк премиера на историски спектакл, Пекинг емитува шестделен серијал за човековите права во „демократска Америка“ а сличен таков подготвува за Обединетото кралство и другите водечки ЕУ земји. Педантни и темелни какви се, фрчат потврдени факти од сите страни и на секој план. Од друга страна, Русиве почнаа да ја отвораат фамозната црвена папка за која своевремено говореше Владимир Путин од каде евроатланциве за првпат сфаќаат дека Русија ги има уредно и прецизно уснимени, детектирани, фатени на дело во сите злостори во обид, план, подготовка или изведба и разработка. Со се нивните домашни контрактори, наемници – пета колона ширум светот. За почеток, како загревање им ги пушти плановите за биолошка војна против Русија и средна Азија, а во која до гуша се заглавени Украина, Полска, Молдавија, Грузија, Ерменија, Киргизија, Узбекистан па дури и во Русија. Се под превезот на техичка помош и соработка. Пентагон за овие лаборатории чие кодно име е „Полигони на смртта“ порано познати како конц логори, одвоил две илјади милјарди долари. На САД формално правно рацете им се чисти, а валканите дејства се распослани во објекти и на локации главно во батал држави во кои корупцијата царува, а човечки отпад владее. Интересно, од обелоденетиот материјал се гледа дека задолжени за развој на биотероризмот во сите овие случаи се министерствата за здравство управувани во разно-разни верзии на Венко Филипче, Бујар Османи и Никола Тодоров. Демократска прозападна Украина предничи со 15 вакви лаборатории и сите се во доменот на министарката за народно здравје Јулијана Сабрунг која по „војната“ ќе лега затвор за злостори против човештвото, гарант и без олеснителни околности. Ако не ја спакува Пентагон за да не сведочи против Газдата. Оти баш тука, во Украина, Пентагон го подготвува следниот вирус што ќе бил пострашен од овој што сега коси, а извесно време го најавува дегенот и психопат Гејтс и се вика ЛАСА. Опа! Ласа почна да таласа и пропадна изненадувањето. Русија и Кина ги држат дополнителните факти како првостепен доказен материјал за планиран злостор против човештвото. Сега планетава дознава и тоа дека Украина во еден од овие полигони на смртта (илегални) зашто биолошкото оружје е забрането на светско ниво и се смета за криминална дејност, произвела своја корона вакцина која со помош на Пентагон и ја утрапила цела количина на Индија. По приемот на неколку илјади дози, експерименталните човечки заморчиња сите до последен од редот на париите, веднаш умреле. Светската здраствена организација, а и Индијската влада тоа го сокрија од страв дека планетава ќе експлодира од насобран гнев. Но еве излезе од црвената папка во Москва и сега нека му ја мислат натофилите. Втора експериментална жртва во време на ковид 19 се жителите на Татарстан во кој е пуштен вирусот на „фриканска чума“. Во Ермрнија минатата година е произведен вирус кој го шири т.н азиски „тигар комарец“ кој во природна верзија е безопасен а со лабораториска доработка станал опасно агресивен. Министерот за одбрана на Грузија Игор Георгазе неодамна објави документи и даде алармантна изјава дека во лабораторијата во Лугар, а под прикритие дека и дава на државата техничка помош е Пентагон произведе непознат вирус.
Сево ова е дел од соработката на Армијата на Украина и Пентагон позната сега како УП8 програма за развој вируси со етнопатоген геном. Еден од експериментиве во моментов се тестира врз 4000 мобилизирани украински војници од Киев и Одеса. Пентагонците на опитните заморчиња не им гарантираат живот. Затоа многу е страшна изјавата на дописниот член на Академијата за воени науки во Украина во која вели: „Операцијата што сега се изведува е наречена МЕСО, односно, на англиски МИТ“. Од друга страна во Киев, Пентагон подготвува нова вакцина против КОВИД 19, ама исклучиво за употреба на Американците и која треба да биде сто отсто сигурна и успешна. Не како овие од Фајзер и Модерна. Па богаму, нормално само Американците кои се ексепшнл, црпнати од бога, треба да живеат, останатите ќе им служат и ќе завршат како мртво месо. Таков е планот за ресетот.
Како своја сибирска верзија на предјадење и како загревање пред војната што НАТО и Бајден ја крчкаат, официјална Русија во тандем со Белорусија, објавија снимки, разговори, контакти, планови, список на руска и белоруска пета колона со се нивните американски и британски инструктори која подготувала преврат во Белорусија со физичка ликвидација на претседателот Порошенко и неговите два сина. Сите од првиот подготвителен ешалон се фатени на дело. Но пораката што ја испрати Русија е дека почнува длабокото чистање инсталирано во Русија што значи нека, му ја мислат сите инволвирани во овој проект заради кој толку се курчеше сенилниот Бајден и расипаниот Барак Обама кој од заднина управува со новата администарација и Белата Куќа. Тој сонуваше освета за Путин оти во негов мандат, во лет и неспремен го фати Пентагон на спање, а ЦИА со прстот во уста. „Убиецот Клутин“ како што го преименува Бајден кој не знае ни самиот како се вика, со ова фактички рече: „Ќе нема ќоше во светот кое ќе може да ви биде или остане сојузник кога ќе отвориме се што имаме како доказ за извршени и подготвувани, планирани ѕверства против човештвото“.
Молам фино, Црпко, Рада натодајка, Филипче, Спасовски, Верушевски, Димитров и остала фашистичка багра со време нека се подготви физички и психолошки за сопственото „бдеште“ како месо. Како беше она? Еден е изборот! Нема друга опција! Точно. За нив после се ова и нема. А ние со нетрпение ги чекаме следниве епизоди на серијата „На почетокот беше крајот на Четвртиот Рајх“ Зашто Ковид 19 спремивте, го култивиравте, изумревте намерно едно чудо луѓе, го напукавте народот во куќни конц логори. Прогласивте бесконечен полициски час, воведовте аусвајси, прекршите се што е закон и устав, не обезбедувате лечење на цел еден народ, го истоштувате со цени, со сиромаштија, неработа, којзнае, можеби ќе дознаеме наскоро и за овдешна лабораторија на Пентагон а во соработка со Радмила и Венко кои експериментираат со некој етнопатоген вирус користејќи македонски етнички геном. За да доутепаат и она малку народ што остана по досегашните геноцидни фашистички налети. Ало, Кире Наумов сега знаеш ли што е дефиницијата за фашизам?
М.Велиновска

Latest News

Гутереш зaпpeпacтeн oд cтpaдaњaтa нa цивилитe вo Гaзa

Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш е „шокиран“ од страдањето на цивилите во Газа, рече неговиот портпарол. „Генералниот секретар е...

More Articles Like This