КОЛУМНА НА ПРЕЗВИТЕР ИВИЦА ТОДОРОВ: Уште десет дена до праведната победа за МАКЕДОНИЈА!

  • September 22, 2018

пишува: презвитер Ивица Тодоров

ПРИЈАТЕЛИ, браќа и сестри, Македонци и Македонки,.
на 30-ти септември моменталната власт го бара ВАШИОТ глас ЗА ЗАСЕКОГАШ да се откажеме од нашата
Македонија и од реалноста како македонски народ да бидеме и понатаму државотворен НАРОД на
Република Македонија!

Со Договорот Заев – Ципрас НИЕ, како македонски народ, ги губиме сите досега стекнати и изборени
права и позиции!

Со Договорот добиваат СИТЕ, а ние губиме СЕ!

Со Договорот Грција добива монопол над името „Македонија“!

Со Договорот моменталните структури на САД, НАТО и ЕУ си добиваат геостратешка предност стекната
врз наше губитништво и грчки триумфализам!

Со Договорот и НАТО и ЕУ ни наметнуваат услови за членство кои се спротивни на Копенхагенските
критериуми воспоставени од Европскиот совет во 1993! Тие услови се:

1. Стабилност на институциите во гарантирањето на демократијата, владеење на правото, човековите
права и почитта и заштитата на малцинствата.

2. Постоење на функционална пазарна економија, како и капацитет да се справува со конкурентскиот
притисок и пазарните сили на Унијата.

3. Способност да ги преземе обврските за членство вклучувајќи го и придржувањето кон политичките,
економските и монетарните цели на Унијата.

ПРИЈАТЕЛИ, браќа и сестри, Македонци и Македонки нашето членството во НАТО и ЕУ го подржуваат
голем процент од нашите сограѓани. Никој не ја негира и реалната потреба со Грција да ги затвориме
сите отворени прашања, но Договорот Заев – Ципрас не е договор кој затвара, туку отвара нови поглавја
на ПОНИЖУВАЊА врз македонскиот народ!

Владата на Зоран Заев со прескапа, немилосрдна, но и глупава пропаганда ве ОДВРАЌА да ја разберете
содржината на Договорот и сите последици кои ќе настапат по уставните промени! Разбирливо е! Ако
ВИЕ разберете што ви се подготвува тогаш ќе се БРАНИТЕ, па затоа владата сака да ве РАЗОРУЖА и
ЗБУНИ преку лажлива розе пропаганда финансирана, за жал, од буџетот на РМ!

ПРИЈАТЕЛИ, браќа и сестри, Македонци и Македонки бидете мудри! Не и верувајте на владината
пропаганда! Слушнете ги сите аргументирани мислења! Прочитајте го Договорот! Разговарајте со упатени
луѓе во проблематиката! За ВАС и за СИТЕ нас се работи!

ПРИЈАТЕЛИ, браќа и сестри, Македонци и Македонки огромен процент од вашите сограѓани ВЕЌЕ
РЕШИЈА овој проблематичен референдум да го ИГНОРИРААТ, да го БОЈКОТИРААТ, да не излезат на
гласање, да не му дадат ЛЕГИТИМИТЕТ на сиот овој понижувачко – предавнички процес за наше
САМОУНИШТУВАЊЕ!

Со БОЈКОТОТ ќе пратиме порака до НАТО И ЕУ дека во името на нашите заеднички вредности ние не
сакаме да гласаме ПРОТИВ СЕБЕ!

Ќе пратиме порака и до нашите грчки соседи дека ние Македонците сме народ со ДОСТОИНСТВО и дека
само како такви во нас тие можат да гледаат свој иден искрен пријател и сојузник!

Ќе пратиме порака и до владата и до опозицијата и до сите политички фактори во РМ дека ЗАВРШИ
времето кога народот македонски лесно се ЗАЛАЖУВАШЕ и по манипулациите на своите крвници
тргнуваше!

ДОСТА ВЕЌЕ! Помина времето на незрелоста, слава на Бога, веќе СОЗРЕАВМЕ!

ПРИЈАТЕЛИ, браќа и сестри, Македонци и Македонки на 30 септември ИГНОРИРАЊЕ и БОЈКОТИРАЊЕ
на глупост и предавство, а од 1 октомври СЕМАКЕДОНСКИ ПРИТИСОК, но и ПОСВЕТЕНА РАБОТА за
остварување на Копенхагенските критериуми за побрз влез во ЕУ! Тоа се единствените критериуми за
влез, а не прифаќање на САМОУКИНУВАЊЕ! Тоа е нашата АЛТЕРНАТИВА во духот на европските
вредности, се друго е нечија манипулација!

Претходно «
Следно »