КОЛУМНА НА СЛОБОДАН ТОМИЌ: Лидер не се купува, лидер се раѓа!

Поврзано

Потрагата по глас повеќе – започна жестоко

И веднаш се случија чуда: ДУИ постави ултиматум, албанец за премиер, без да знае дали и колку пратеника ќе...

Сотир Костов: Моќта на Обновата

Моќта на Обновата! Моќта на Обновата ја сочинуваат: Професор и Лидер за Обнова и Победа; Економски и Финансиски експерт; Врвен...

Сотир Костов: Идеја преку оpyжје (на сила) не се прифаќа, туку преку примери

Идеја преку оружје (на сила) не се прифаќа, туку преку примери Моралната револуција – револуцијата во умот, срцето и душата на...

Партијата не е пазар за купо-продажба на интереси. Партијата е основа на политичкиот систем преку кои се остварува власта. А, без власт нема држава, затоа што државата е организирана власт на определена територија. Таму каде нема власт, нема ниту држава, таму владее анархија, законот на посилниот, односно законот на џунглата!

За жал, партиите во Македонија во изминатите години ја деформираа власта, го суспендираа суверенитетот на граѓаните и ја дезавуираа нивната слободно изразена волја. Страста за власт и сласта за моќ и пари ги заслепи партиските елити, кои заборавија зошто постојат, дека тие се заради народот, а не народот поради нив. Партиите се претворија во агенции за вработувања и збогатувања… Секоја чест, има и домаќинско однесување и работење, но тоа е се исклучоци со презир од профитерите!

Да се биде, пак, лидер на партија, потребна е доблест, саможртва и посветеност.

Лидер се раѓа, лидер не се купува! Лидерот по дефиниција треба да има харизма, да демонстрира истрајност, чесност и патриотизам. Кон семејството и кон општеството!

Лидер значи да водиш, да организираш и да создаваш, а не да рушиш. Лидер е да умееш одговорноста да ја споделиш.

Лидерот е тој кој обидинува, лидерот не разединува. Лидерот треба да е идеолог и да знае идејата да ја преточи во дела! Затоа што без дела нема успех, ниту верба во лидерот.

И, каде сме ние во сето ова, пред малку кажано? Секако, не сме на како што треба. Во изминатиот период видовме и сретнавме лидери кои не беа “Дојдов, видов, победив“, туку “Дојдов, украдов и растурив“!

Да не ги спомнеме реваншистите, радикалите и ревизионистите.

Зарем уште ќе бараме раски во туѓото око, заборавајќи и не гледајќи ја гредата во сопственото око? До кога ќе се надмудруваме и натпреваруваме со измами, клевети, кодошлак и лаги? Ќе робуваме ли уште на “Држте го крадецот“ и “Царот е гол“?

Сакаме сите преку ноќ да станеме први пред сите, сакаме сите преку ноќ да станеме недопирливи и богати, заборавајќи дека тргнавме или дојдовме на позициите голи и боси, едноставно без никаква хипотека и никаква сила како во економската така и во ситета сите сфери?

Верувам во вистинските лидери кои умеат, знаат и сакаат да сторат нешто по што ќе се паметат.

Лесно е да срушиш, ама тешко е да создадиш дела. По делата ќе ве препознаваат, и вашите најблиски, дури и тие кои ве сметаат и ве доживуваат за опонент!

Партиите во Македонија веќе ја постигнаа својата зачмаеност и спротивност од онаа улога заради која тие треба да постојат и опстојуваат, а тоа е волјата на народот.

Се’ додека политичарот не се доживее себеси како слуга на народот, се’ дотогаш тој нема никогаш да биде тоа што мисли дека е!

Кај нас, за жал, царуваат гордоста и самобедисаноста! Е, па од мене почнува историјата е преповторена лекција за да се вртиме во круг. Имено, секогаш се совпаѓа народното кажано, а во пракса докажано. Дајте ми 5 минути власт и пари и ќе видите со кого си имате работа! Пак ќе се воздржам, на исклучоци!

Велам и повторувам: Дали ќе доживеам мојот Македонски народ да не витка кичма, да не го водат луѓе од пластелин како топче стуткани! За свои на своето, и лидерите треба да создадат услови народот да се чувствува економски безбеден, и национално интегриран!

Да сториме се’ да важи законот на етиката и во партиите и во политиката. Да нема потреба од клиентелизам, да биде закон поспособниот и почесниот да го добие своето место во средината и општеството?

Кога и каде сопкарите и вовлекувачите кон лидерите ќе бидат трганти еднаш засекогаш давајќи им простор време и можност на подобрите од нив да создаваат и креираат дела и реализираат идеи, не само свои туку и да ги прифатат подобрите од нивните, без да се китат со туѓи перја!

Ова не е утопија, туку реализам.

На крајот на краиштата, секоја власт е менлива и минлива, но народот останува.

А, лидерот во Македонија, пред се’, треба да биде Македонец, па дури потоа човек, да биде храбар со телото и чесен во душата. Велат каде да се најдат таквите, е тие се раѓаат на 100 години. Не смееме да се плашиме од нив и да ги десеткуваме, напротив треба да им даваме време и простор и натаму да се храбрат да застанат зад својата држава, народ и партија! Само тогаш лидерот останува бесмртен и запаметен, се’ останато или во спротивно оди на депонија и во историја.

Затоа, дајте им шанса на подобрите, дајте им можност на поумните, дајте им доверба на тие кои знаат како се работи и имаат дела. Впрочем, од вистината не се бега!

Актуелно

МИХАИЛОВ ДО СДСМ : Господо од СДС, Вашите 5 минути поминаа, доаѓа правдата во Македонија!

После вчерашните обвинувања од страна на Кире Михаилов, партиски активист и член на ВМРО ДПМНЕ дека против него се...

Преговори нема ни годинава, Германија се пишмани

Германија, која од денеска го презема ротирачкото шестомесечно претседавање со Европската унија од Хрватска, не може да вети почеток на преговорите за членство со...

(Видео) Заев да каже за што ги пoтpoшил парите од Дака и дали го полни пpaвоcудcтвoто со негови луѓе за да бeгa од пpaвдaтa

Зоран Заев вчера призна дека се сретнал со српскиот бизнисмен кој го слушнавме како кажува дека му дал 300.000 евра. Заев мора да собере...

(Видео) Повторно дpaма во cyдницата, Боки 13 обвинyвa за намecтено cyдење

Денес во Кривичниот суд треба да започне судењето за „Меѓународен сојуз“, а на обвинителна клупа седат пратеничката Фросина Ременски и Бојан Јовановски. Овој предмет ќе...

Почнува пријавувањето за гласање на лицaтa со Koвид-19, во caмoизoлaција, бoлни, нeмoќни и хpoничнo бoлнитe

Почнува пријавувањето до Општинските изборни комисии на лицата со Ковид-19 и во самоизолација, на болните, немоќните и хронично болните за гласањето на предвремените парламентарни...

Повеќе вести