КОЛУМНА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: Весела калинка!

Поврзано

Фокусот на идната влада ќе биде во економијата

„Фокусот на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде исклучиво во економијата", нагласи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски гостувајќи во...

Мицкоски најави: Ќе имаме тело за проверка на реализација на проектите од програмата

Денес лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, г. Христијан Мицкоски гостуваше во дебатна емисија на телевизија 24 каде што посочи дека по...

Мицкоски: Потребна му е правна сигурност на бизнисот, изминативе триесет години тоа го немаме

„Апсолутно во програмата зборуваме и за нови вработувања. Јас не зборувам за економија која што ќе се темели на...

stevco_naslovnaДенес човекот кој во моментов е лидер на нашата опозиција Зоран Заев од Валандово даде една понуда до граѓаните. Додуша, оваа понуда не ја дава прв пат. Таа е нешто веќе чуено. Само што овој пат, понудата за граѓаните е поголема. Тој нуди да враќа пари од ДДВ-то. На секоја сметка што ја плаќаме има 18% ДДВ, а неговата понуда е дека ќе им враќал на крајот на годината 15%. Глупост невидена.

Еве зошто:

Данокот на додадена вредност заедно со царините и акцизите спаѓаат во групата на таканаречени индиректни даноци. Додека пак, данокот на добивка и персоналниот данок се во групата на директни даноци. Во структурата на полнење на буџетот најмногу учествуваат индиректните даноци, и во рамките на нив најиздашен е ДДВ-то (Данок на додадена вредност).

Ако од 18% ДДВ на граѓантие се вратат 15% има ли претстава веселиот математичар од Струмица колку е тоа многу пари и како ќе ја покрие таа огромна буџетска дупка која ќе изнесува неколку стотици милиони евра. Како мисли тој? Веројатно Роле ќе му ја плаќа војската, полицијата, учителите, професорите, државната администрација, а во рамките на тоа и специјалната обвинителка односно, неговиот шеф на штаб другарка му Катица Јанева.

Па белким има некој поасален економист во СДСМ кој може да му направи пресметка колку пари чини неговата екскурзија на мозокот, и дали е тоа воопшто возможно. Мислам дека во СДСМ сеуште е професорот Драган Тевдовски или пак едноставно нека ги земат приходите во буџетот, нека видат колку приход е ДДВ-то и од него нека одземат 70% од вкупната вреност па ќе видат што ќе добијат.

Наместо да ветува брда и долини, нека даде сопствен пример.

Најиздашен приход во општините е надоместокот за уредување на градежно земјиште или популарно наречените „комуналии“. Ова е трошок кој се плаќа при изградба на куќа, деловен простор или стамбена зграда. Не мора да го чекаме да доаѓа на власт, може да ни даде пример во Струмица. 70% од уплатените комуналии нека им ги враќа на граѓаните, па да видиме како ќе преживее струмичката администрација, ќе има ли пари за едно тротоарче, ќе може ли да смени една улична светилка итн.

Не е прв пат овој човек од Валандово да кажува смешни работи. До поднебјето ќе е. Изгеда сокот од калинка го удира во глава. Се сеќавате ли каде Заев изјави дека ќе брка од администрација, и дека ако треба живи луѓе ќе јаде. Па тоа беше во Валандово.

На странците им ја понуди државата. На Албанците им понуди двојазичност, потпретседател Албанец. Очекувам да тргува и со грбот и химната. На крајот имам впечаток дека овие луѓе ќе си ги понудат и сопствените жени само да дојдат на власт, ама бадијала ќе им биде. Никој не верува во тоа што го зборуваат. Неубедливи се.

Актуелно

Фокусот на идната влада ќе биде во економијата

„Фокусот на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде исклучиво во економијата", нагласи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски гостувајќи во...

Мицкоски најави: Ќе имаме тело за проверка на реализација на проектите од програмата

Денес лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, г. Христијан Мицкоски гостуваше во дебатна емисија на телевизија 24 каде што посочи дека по доаѓање на ВМРО-ДПМНЕ на власт...

Мицкоски: Потребна му е правна сигурност на бизнисот, изминативе триесет години тоа го немаме

„Апсолутно во програмата зборуваме и за нови вработувања. Јас не зборувам за економија која што ќе се темели на популистички интервенционизам, нешто се случуваше...

Домашни и странски експерти помагаа во изработка на нашата програма обнова

„Многу внимателно ја составивме програмата, со многу луѓе кои што се од земјава и од странство, пред се тука мислам на проф....

Мисајловски: Наместо економски бум и Клинички центар, останаа само лагите на СДСМ и Зоран Заев

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата на изборната еденица 2 Владо Мисајловски, вечерва гостуваше во емисијата на МТВ каде што даде интервју и...

Повеќе вести