КОЛУМНА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: Гевгелиски подсојуз!

  • September 22, 2016
  • Коментари

stevco_naslovna-300x300Во саботата ние од ГРОМ имавме прес конференција на која за Катица Јанева рековме дека е обвинителка земена од втора лига – Југ, a колку вреди оваа гевгелиска „Карла дел Понте“ потврдата пристигна само три дена подоцна.

Во интервјуто на Македонската телевизија мене лично ниту ми е скандалозно ниту ме изненадува нејзиното интервју, туку напротив – се е очекувано. Госпоѓата Јанева кога би се однесувала како обвинител не би можела вака да се бламира. Нејзиниот проблем е што се обидува да се однесува како политичар. И, тука е невешта.

Во глувчешка дупка е скриена актерката на спасот на Македонскиот медиумски мрак Санта Аргирова. Ова е нејзино промашување. Но, секое зло е за добро. Јавноста дефинитивно се увери какви кадри нуди СДСМ. И, Катица Јанева и Санта Аргирова се кадри на СДСМ, односно дојдени на функциите по нивен предлог. Уште еднаш би им порачал на оние кои се занесуваат и имаат нереални очекувања од Катица Јанева и од СЈО дека ќе направи тектонско поместување на политичката карта и ќе го донесе СДСМ на власт, надевајќи се дека ќе открие тешки криминали кај власта, ќе испоапси еден куп луѓе и фактички физички да им ги отстрани на СДСМ политичките противници.

Едно е неспособноста, на Јанева и тимот, но друго е што неможат да најдат такви тешки кривични дела со кои што ќе има спектакуларни апсења и долги години робија. Затоа што оние што биле во власта знаат дали може воопшто да се направат такви криминали за кои што лаиците си фантазираат во нивните мозоци.

Вечерва на „Топ Тема“ гледав неколку „угледни“ новинари кои што се бламираа себеси обидувајќи се да го оправдаат дилетантското интервју на Јанева. Интересно беше ставот на сите нив дека требало да се покрене постапка за тоа кој ја изнел надвор од режијата сировиот материјал од интервјуто со Катица Јанева. Значи, за бомбите не им беше битно кој прислушкувал, туку им беше содржината, а сега пак им е битно кој го изнел материјалот, зато што народот виде дека „царот“ е дибидус гол. Уредникот, пак дури ја фалеше денес колку била подобра во СОбранието во однос на вчерашното интервју. Кутрите опозициски новинарски мегафони. На секој нов чекор на Катица Јанева се радуваат како на мало дете кога проодува, па си велат „добро е, првиот чекор тресна на нос, ама вториов не падна“, и така ќе се постојано во исчекување. Да не им тресне на глава недоносенчето.

Затоа на крајот ќе повторам уште еднаш, што вели Црногорскиот владика Данило во Горски Вијенац, цитирам: „Јанко брани Владислава мртва, а што га брани кад га неодбрани“.

Што бранат овие кутри новинари, нешто што не може да се одбрани. И затоа морам да се корегирам, Катица Јанева не е втора лига – југ, не е ниту гевгелиски подсојуз, не е точно дека Обвинителството нема квалитетни кадри, не е точно дека нашиот правосуден систем е за срам. Направете само паралела со онаа госпоѓа обвинител што се појавува неколкупати како портпарол на Обвинителството и која неодамна ја гледав како дава изјава во случајот за уапсените професори од економскиот факултет, госпоѓата Раичевиќ.

Прво кога ќе и ја видите појавата, елоквенцијата, вордингот, користењето на правната терминологија, сигурноста којашто произлегува од нејзе се најмалку две светлосни години пред Катица Јанева.

Ова е уште еден пример, дека партиските кадри што ги нуди СДСМ и наводната слобода што ќе му ја донесат на овој народ само ќе не дозакопаат. Затоа, имам верба во државното обвинителство и во судиската фела, и во тоа дека има професионалци коишто не облекле партиски дресови, а го носат правосудниот систем на своите плеќи.

СДСМ со политиката „да го симнеме Мурто да се качи Курто“, а се во името на слободата и демократијата без да дадат одговори на клучните економски, социјални, културолошки, образовни, медицински, земјоделски, инфраструктурни, енергетски прашања нема теоретска шанса да мрднат со рејтингот.

Не Катица Јанева, Тито од гроб да го дигнат со празна понуда на власт не се враќаат.

Како и да е СЈО и Катица Јанева се производ на „чадорот“ и на оној од ридчето (Кале), ова не е само СДСМ-овски туку и нивен срам, ја оплескаа до даска, го измачија народот, ја измалтретираа и забвија економијата, не посрамотија пред целиот свет и ако има избори во декември дебело ќе треба да ни платат.

Претходно «
Следно »