КОЛУМНА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: Ништо ново

  • September 5, 2017
  • Коментари

Што ви реков бе луѓе? Штом СДСМ дојде на власт за два месеци чекајте ги Светска банка и ММФ. Ок, сум промашил за еден месец. Не за два, дојдоа за три месеци.

Денес, министерот за финансии се сретна со претставникот на Светска Банка кој ќе го учи него и СДСМ, како да ги решеле долговите. И пак ќе ви кажам – СДСМ нема економска политика. Штом тие дојдат на власт, веднаш со нив доаѓаат Светска банка и ММФ.

Веќе го спомнав и експертот, се сеќавате на Бишманџи Банерџи? Сега чекајте повторно некој таков да дојде.  А, што ќе биде заклучокот, ќе ви го издиктирам како по ноти.
– Тоа е да се намалел долгот, да се намалел буџетскиот дефицит, задолжително ќе бараат отпуштање на вработени, намалување на буџетските расходи, стагнација на платите, пензиите, па ќе не тераат одредени институции, агенции, јавни претпријатија да ги затвораме, итн. Позната приказна.

Внатрешната и надворешната политика ја води Бејли, економската ќе ја води Светска банка и ММФ, а тие нормално само ќе се смеат. И, нормално како поинаку да ја нарекуваш таквата влада освен – марионетска.

Веројатно овие експерти ќе дојдеа порано, ама кај нив немаше да им поминат „проекти“ како минимална плата субвенционирана од буџет, одмори за семејства со примања помали од 21.000 денари, немаше да помине ниту 8.5 милиони буџетски средства за субвенционирање на евтината струја, и други футуристички мерки.

Се на се, од таборот на СДСМ ништо ново: лоши кадровски решенија, туѓа внатрешна-надворешна политика, туѓа економска политика.

Знаете ли само што е домашно? Само лебот што го јадат од народот!

Упс…се извинувам. Лебот од домашно производство ќе го имаме некаде до фебруари. Потоа ќе увезуваме пченица од Србија и Унгарија.

 

Претходно «
Следно »