September 25, 2020, 4:30 pm

КОЛУМНА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: Путинчо

Поврзано

Ако немало Македонци, можело ли речиси 200 години да има „Македонско прашање“?

Кога се чита бугарскиот меморандум до членките на ЕУ, со кој се негира се’ македонско, почнувајќи од јазикот, секој...

Сотир Костов: Зa вeликoбyгapcкитe acпиpaции кон Македонија и Македонците

Повтроно мораме, а и неопходно е да реагираме против велепредавничкиот договор(подметнато кукавичко јајце од Бугарија) и срамната политика која...

#ДАСКАЛOT Петре

Мојот даскал, го сретнав случајно, го открив шокантно, а тука бил, до мене, но го немав видено, не беше...
- Advertisement -

Владимир Владимирович Путин(чо) си победи со 76.7% освоени гласови. Кога бев во Москва ми рекоа дека овој пат партијата сериозно работи Путин да победи со 80% од гласовите. Значи за 3.3% се под предвиденото. Може јасно да се види како оние што добро си ја водат земјата на избори победуваат со 80% доверба. Тоа е можно само ако Американското влијание е сведено на минимум. Сорос, УСАИД, ЦИА и останатите кога имаат мало влијание народот јасно си го кажува сопственото мислење. Онаму каде што имаат Американците силно влијание го спобудалуваат народот со пропаганди. Против власата се разбира, најчесто таа пропаганда оди во насока, не дека власта е неспособна, туку власта е корумпирана. Криминали, ајдуклук, и така со нивната пропаганда пласирана преку НВО и ЛГБТ ги руши владите.

Интересно е да се напомене дека на таков начин Американците ја носат опозицијата на власт, а потоа истата таа опозиција дојдена на власт ја соборуваат со нова опозиција. Што тоа значи? Тој што е на власт мора да им служи на Американците. И тој што е опозиција, и тој мора да им служи на Американците ако сака да дојде на власт! Секогаш, тие во првите година и половина до две од новата власт си остваруваат за нив стратешка цел за полесно да можат да го контролираат тој простор, ги тапкаат по рамо премиерите, министрите, претседателите на државата, а потоа им ја креваат незадоволната опозиција и им ја носат на власт.

Потоа, пак истото. Пак ќе си завршат некоја своја работа. Така и власта и опозицијата им служи на Американците и се тресат од нив да не случајно ги налутат. Се трудат кој повеќе ќе се додвори на Американските амбасадори во земјата, просто се буткаат со колковите како снаа и свекрва кога се подбуцнуваат во кујна. Демек, која од нив повеќе одработила во кујната. Која повеќе ручеци направила, која повеќе чинии измила, која повеќе салати направила.

Исти сме и ние. По ова клише работиме. Постојано играме „како први – така други“.

Груевски беше сервилен кон Американците. Ахмети, генетски сервилен. А Заев? Е него му нема рамен. Како тргнала работата и лидерот на опозицијата натаму оди. Имајќи во предвид како еден од неговите потпретседатели неодамна ме убедуваше дека наш најголем пријател биле Американците. Шипки варени најголеми пријатели.

Што ни се пријатели? Тоа што секоја власт е пресреќна ако го помине мандатот, без да ги „згнат“ нивните кучиња да ни направат војна? Што за нас Македонците тие добро направиле? Кажуваат приказни дека досега дале преку 730 милиони долари. Па ве молам, од тие пари која фабрика ја изградивме? Кој автопат? Која хидроцентрала?

Ги потрошиле парите таму каде што тие сакале, во т.н. проекти за развој на демократија каде паричка лапаат разни платеници. Додека им даваат пари да зборат против едни тие нив ги критикуваат, па потоа ќе ја завртат плочата, ќе почнат да критикуваат други. Инаку, нив стручно ги нарекуваат аналитичари. Врска со животот немаат! Чисти подлизурковци. Погледнете дебата и анализа на српски, босански, на хрватски аналитичари со невидени познавања на внатрешната и надворешната политика, на геостратешките предизвици итн.

Затоа, кој сака пораат да владее подалеку од оние што даваат пари, ама не знаеме каде одат.

Инаку Путин во 2011. година ги набрка УСАИД и слични на нив. И, затоа сега победува со 80%. За тоа потврда имаме токму во претходните победи на Владимир Владимирович Путин.

  •          2000 година – 52,9%
  •          2004 година – 71,3%
  •          2012 година – 63.6%
  •          2018 година – 76.6%

Влијание во Кина, Америка нема затоа и таму Кси Џи Пинг е прогласен за доживотен претседател. Тоа е една од причините зошто Кинезите станаа економски, светски џин во последниве 20 години. Прва економија во светот стана Кина, па потоа е САД, па ЕУ и Русија. Полека но сигурно, Америка ќе ја губи економската, политичката и воената моќ. А, Европа? Европа ќе биде политичко и безбедносто патче.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Заев за субвенциите по етничка пpипадност: „Тоа е јасно определено во програмата на 39-та страна“

Владата в недела ќе ги објави мерките од четвртиот пакет и со тоа се затвораат дебатите за развој на...

Се создаде нова, уште позapaзна мyтација на ковид-19

Резултатите од една нова студија покажуваат дека Ковид-19 создал нова мyтација која се чини дека е уште позapaзна, а експертите велат дека тоа може...

Зaгинaa двајцата пилоти од вoeниот авион што се ypна во Србија

Српското Министерството за одбрана потврди дека зaгинале двајцата пилоти при ypивањето на авионот „миг-21“, за време на вoeна вежба. Загинaa пилотите мајор Дејан Крсник...

Самитот на лидeрите на Европската Унија ќе се одржи на 1 и 2 октомври

Лидерите на ЕУ 27 ќе се соберат на самитот во Брисел на 1 и 2 октомври, беше потврдено во кабинетот на претседателот на Европскиот...

Пронајден мpтoв маж во Велес, тeлото пpeдадено на обдykција

На 24.09.2020 во СВР Велес било пријавено дека околу 10.00 часот на ул.„Славко Ѓоргиев“ во Велес, во својот стан бил пронајден пoчинaт С.А.(64). Од...

More Articles Like This