КОЛУМНА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: Ќе правиме ајвар!

  • August 6, 2018

Режимот продолжува со репресиите и сеењето на страв помеѓу граѓаните. Овој пат кривични пријави против учесниците на прославата на Мечкин Камен. На кого друг ако не да му се истурат на сопствениот народ, и тоа на патриотите. Па нормално е предавник, да сака да казни патриот. Не може предавник со предавник да се казнува. Што им бил гревот на овие двајца битолчани? Повикувале на говор на омраза. Колку што разбрав меѓу нив имало и навивачки групи.

Кого бе, вие шарени мајмуни над мајмуните лажете во оваа држава? Па во нели вие во шарените не собравте навивачка група? Треба ли да ви кажеме од каде ви беше? И која беше? Да ве потсетиме ли како скандираа? „Никола, Никола, нешто чудно ти се случува. Што е тоа знае само мајка ти.“.

Ова и многу други навредливи содржини скандираа за поранешниот премиер Груевски, за неговата мајка, сопруга итн. Но Никола Груевски на никој од нив не поднесе кривична пријва. Оваа навивачка група беше приклучена кон протестите со одлука на претседателството на СДСМ. И за нејзино вклучување инсистираше еден сегашен заменик-министер. Навивачите се вклучија во протестите заедно со СДСМ и добиваа пари за да викаат, скандираат и навредуваат. За разлика од нив, овие навивачи дојдоа на Мечкин Камен од патриотски причини. И на крајот, го гаѓаа Кочо Анѓушев со пластични шишиња со вода. Веројатно господинот на кој што устата му стана во знакот на „Најки“ очекуваше да го гаѓаат со тендери? Или со некое фондовско евро? Па не може него сите да го галат. Само да лапа пари. Тој што требаше да си добие аплазуи си доби аплаузи и поддршка, како на пример претседателот Иванов. И Кочо и компанија си добија исто така – шишенца со водичка. По глава, се разбира.

Абе, оваа нивна глава и онаа на Шеќеринска како да се од злато. Нив не смееш да ги навредиш, не смееш да ги уплашиш, не смееш да ги пипнеш. Тие веќе не се режим, тие се демократска власт. За оние што вечерта на денот на локалните избори, не нападнаа со ножеви во нашето партиско седиште – сеуште нема ништо. На пратеничко прашање за овој случај од страна на нашиот претставник во Парламентот, Панчо Минов, за тоа до каде е со овој случај, верувале или не, ни одговорија дека сум имал обврска да доставам видео запис. Внимавајте добро, видео запис кој беше јавно објавен на социјалните мрежи, додека насилникот мафта со нож – „скакавец“. Да го запрашам објективниот обвинител, дали од Зијадин Села побара да му донесе видео запис од тепањето? Нормално дека не. Така само нека продолжи обвинителството, овие од власта се од белата крава, а ние од црната се разбира.

За изборниот фалсификат во Карпош на локалните избори и нашата кривична пријава до обвнителството за гласчките ливчиња најдени во Македонски Брод и во Охрид, ни ал ни абер. Внимавајте добро! Независното обвинителство ни одговори дека немало кривична пријава. Ако, ако! Еден ден ќе ја најдете.

Советникот на премиерот Заев, извесен Сокол, ме нападна мене со уште двајца мои пријатели, пред повеќе од шест месеци. Се јавив во полициска станица Карпош, го пријавив случајот, тие ме запрашаа каде се случил настанот. Им одговорив дека се случил во Центар, ми рекоа дека пријавата треба да ја однесам до ПС Центар, но можам да ја поднесам и во ПС Карпош, а тие ќе ја препратат потоа до нивните колеги во Центар. Така и направив, пријавата ја дадов во ПС Карпош и замислете, демократите од партиската полиција на чело со Лазе Велковски, директорот на „МВР Турс“ на полицаецот кој ја препратил оваа пријава во ПС Центар му испратил внатрешна контрола, ама човекот бил доволно писмен и паметен па сето ова го завел во полициските книги и можеле само да му плукнат под прозор. Според кривичниот законик, секој оној што со своето однесување ќе предизвика страв и несигурност кај едно и повеќе лица ќе се казни со казна затвор. За оваа иста работа ги судат луѓето кои протестираа пред општина Центар. Има судска постапка зошто со нивното однесување создале страв и несигурност кај советниците од СДСМ. Искрен да бидам, Сокол и копиљаците околу него ми ги стресоа колениците (не предизвикаа кај мене чувство на страв), ама закон си е закон. Повторно МВР и обвинителството, опозицијата ја третираат како да е од црната крава. Нека ги, само така нека продолжат. Само нека се трупаат предмети по кои што тие не постапуваат.

Еден ден за ова ќе им биде жал. Ама после таква работа, каење нема.

Треба да им е јасно, не кривични пријави, затвори, закани, руски етикетирања и останати булшитови нема да им помогнат. На референдум не излегуваме. 30.септември е ден од Господ даден, за правање на ајвар. И ќе правиме ајвар. А, тие – нека бројат ливчиња. Ќе бројат ќе бројат, ама од 600.000 повеќе нема да избројат. До 910.000 ќе треба многу да фалсификуваат, а членовите на избирачките одбори кои тоа ќе го дозволат, еден ден ќе треба да лежат затвор.

Претходно «
Следно »