КОЛУМНА НА СТЕФАН ВЛАХОВ МИЦОВ:МАКЕДОНИЈА – БЕЗУМНИ ПРЕДАВНИЦИ, ЛАЖНИ ПАТРИОТИ И ЗОМБИРАНИ ПОСМАТРАЧИ

  • July 10, 2017

Пред 2300 години филозофот Диоген со запален факел во ден барал ЧОВЕК. Затоа што имало многу луѓе, но биле толпа од која не се издвојувал никој. Подоцна римјаните дефинирале дека такви толпи се интересираат само за леб и циркуси. Денес, слично на Диоген и ние бараме ЧОВЕК. ПОЛИТИЧКИ ЛИДЕР КОЈ ЌЕ НЕ СПАСИ КАКО НАРОД И ДРЖАВА. Кај Диоген има цинизам, кај нас има трагедија. Затоа што, како вели јунакот на Илф и Петров, Остап Бендер „Спасот на тие кои се дават е у нив самите“.

Од 1990 г. наваму на избори во Република Македонија се јавувале 11 партии со поим ВМРО и разни додавки. Само што, насловот и квантитетот немат значење, ами квалитетот, содржината.

Од 1990 г. наваму се појавија илјади и илјади Обраќања, Меморандуми, Прогласи, Декларации за сегашноста и иднината на Македонија. Според нивната бројка изгледа сме први на Балканот по истрошена енергија. Намерно или од глупост. Преку Декларации политичарите заемно се напаѓаат, преку Декларации граѓански здруженија и индивидуалци ги обвинуваат политичарите. Само што, Декларациите и Обраќањата не менуваат ништо. Ако менуваа нешто, државата ке се управуваше преку нив.

ЗНАЧИ, ОД 1990 ДО ДЕНЕС ПОИМОТ ВМРО СЕ КОРИСТИ БЕЗ ДА СЕ ЗНАЕ ВИСТИНСКАТА МУ СОДРЖИНА. ЗАТОА И ДОДАВКИТЕ КОН 11-ТЕ ВМРО СЕ РАЗЛИЧНИ. ЗАТОА И СЕКОЈ НИВЕН ЧЛЕН, КАКО И ОНИЕ КОИ НЕ СЕ ЧЛЕНОВИ, ВО СВОИТЕ ПРЕТСТАВИ ИМАТ РАЗЛИЧЕН ОБРАЗ НА ВМРО. ИСТОТО Е И ВО ОДНОС НА КОМУНИСТИЧКАТА ПАРТИЈА НА МАКЕДОНИЈА И ДЕНЕШНИТЕ НЕЈЗИНИ НАСЛЕДНИЧКИ.

СО ДВА ЗБОРА, ЗАРАДИ ПОЛИТИЧАРИТЕ НИЕ НЕМАМЕ ОПШТ КОНЦЕПТ ЗА МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА. НАМЕСТО ТОА, ИМАМЕ ИСКРИВОКОЛЧЕНИ ПРЕТСТАВИ КАКО ЗА НЕА, ТАКА И ЗА ДВЕТЕ НАЈГОЛЕМИ МАКЕДОНСКИ ПАРТИИ. ТОА ДАВА МОЖНОСТ ПОЛИТИЧАРИТЕ ДА ПОКЛОНУВААТ НА СТРАНЦИТЕ ДЕЛОВИ ОД МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА КОИ ГИ МИСЛАТ НЕВАЖНИ ЗА НИВНИТЕ ПАРТИСКИ ИНТЕРЕСИ.

Вистината е дека и претходницата на денешната СДСМ, и претходниците на денешната ВМРО-ДПМНЕ имат контраверзни периоди во своето минато, кои биле штетни за македонскиот идентитет. Создателите на МРО во 1893 г. сериозно отстапуваат од идеите на раководителите на Разловечкото востание, Пијанечката република, Македонското Кресненско востание и Народното собрание на Македонија на Гремен-теке, каде целосно се поклопуваат македонската народносна јатка (јазик, двомилениумска меморија, културни традиции) со македонската политичка лушпа (автономна или самостојна македонска држава). Акцент во дејноста на МРО до Илинден е само македонската политичка лушпа. Едвај потоа (Рилскиот конгрес) се бара поклопување меѓу македонското политичко и национално обележје и тоа води до распад на Организацијата. ВМРО на Александров, Протогеров, Михајлов (1919-1934) повторно се враќа кон идејата за автономна или самостојна Македонија со бугарско обележје т.е. втора бугарска држава. Тоа се претставници и наследници на бугарските врховисти.

Од друга страна,алтернатива на ВМРО(автономистичка) биле Македонската емигрантска федеративна организација (МЕФО, ВМРО/Обединета/, Македонскиот народен покрет (МАНАПО), кои бараат македонско политичко и национално ослободување. За време на Втората светска војна борбата за Македонска Македонија се раководи од Комунистичката партија на Македонија. Но по победата во 1944 г. таа, во споредба со останатите ком-партии во Југословенската федерација, испаѓа во поголема зависност од Белград.

ЕДНОСТАВНО КАЖАНО, ВО ПОСЛЕДНИВЕ 150 ГОДИНИ СЕКОГАШ ВО МАКЕДОНИЈА ИМАЛО (НЕЗАВИСНО ОД РАЗЛИЧНИТЕ ПАРТИИ) РЕВОЛУЦИОНЕРНА СТРУЈА КОЈА СЕ БОРЕЛА ЗА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА СО МАКЕДОНСКИ ИДЕНТИТЕТ. ТОА НЕ САМО ДАВА МОЖНОСТ ЗА ИСПРАВЕН КОНЦЕПТ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ И КОНТИНУИТЕТ, НО И ЗА НАЦИОНАЛНА МАКЕДОНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА КОЈА ЌЕ ГО ЗЕМЕ НАЈВРЕДНОТО ОД СИТЕ ПОСТОЕЧКИ ОРГАНИЗАЦИИ ВО 19 И 20 ВЕК И ЌЕ ГО ОТФРЛИ ШТЕТНОТО ЗА МАКЕДОНСКИТЕ НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ. УШТЕ ПОВЕКЕ, ПРАКТИЧНО ВО МАКЕДОНИЈА НЕМАЛО ДЕСНИ И ЛЕВИ СТРУИ, ТУКУ  МАКЕДОНСКА  И ПРЕДАВНИЧКА СТРУИ.

Само на тој начин може да имаме исправена кичма, која не се влијае од странските притисоци и пропаганди. Историските факти се во наша корист, но ние сами се глупираме барајќи  партиски континуитети, мешајќи „десни“ и „леви“ струи, објавувајќи предавници за херои и обратно, за кое ни се потсмеваат однадвор. А ние се правдаме со историското време, бранејќи партиски конструкции. НАРОДОТ И ДРЖАВАТА НИ МОРА ДА БИДАТ ПОВРЕДНИ ОД ПАРТИИТЕ И НЕ МОЖЕМЕ ДА ДОЗВОЛИМЕ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ДА СЕ ПОДЕЛУВА ЗАРАДИ ПАРТИСКИ ПАТРИОТИЗМИ.

27 години Македонија се врти во маѓепсан партиски круг. Во последната деценија Заев беше по мерка на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ комотно управуваше. Денес Груевски е по мерка на Заев, а т.н. реформатори во ВМРО-ДПМНЕ се само алатка за зацврстување на лидерот. Како што правеа претходно „реформаторите“„ во партијата на Заев. Надворешните фактори имаат интерес од таа комбинација, затоа што таа одамна е прочитана. НИТУ САД И ЕУ, НИТУ ДВЕТЕ ГЛАВНИ ПАРТИИ ИМААТ СМЕТКА ОД ПОЈАВА НА ВИСТИНСКА МАКЕДОНСКА ОПЦИЈА, КОЈА ЌЕ ГО ОДЗЕМЕ НИВНИОТ МОНОПОЛ ВРЗ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И ВРЗ КАЛКУЛАЦИИТЕ СО МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА И СО МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА. ТИЕ НЕМААТ ИНТЕРЕС И ОД МЕНУВАЊЕТО НА ГРУЕВСКИ, ЗАТОА ШТО МОЖЕ ДА ДОЈДЕ ЛИДЕР КОЈ ЌЕ ЈА НАПРАВИ МАКЕДОНИЈА ПЕКОЛ ЗА НИВ. Груевски вербално се заканува, но оди смирено на средби со Бејли, Хан, Могерини итн., спроведува тоа што ке му наредат. Тој е припитомен одамна. А замислете некој Македонски Орбан, Мадуро, Дутерте со членска маса од 170 000 (кои ке скокнат барем 3 пати) луѓе. Балкански земјотрес!

Само што, додека чекаме ЛИДЕР, земјотрес нема да има. Преку земјотресите во Охрид, Господ не предупредува за блискиот крај. Сами си одговорете зошто се во Охрид и ги поврзете со крајот на Самуиловата држава мирно и тивко преку предавства. Изгледа е подобро да изгинеме преку природен земјотрес, отколку како глувци кои не сакаат да ги слушнат зборовите на Димитар Миладинов: „Една шепа крв е човечкиот живот, за толку ли ке се плашам“. А уште помалку тоа, што кажал Наполеон: „Секој војник носи маршалско жезло во својата торба“. Меѓутоа, поголемиот дел од функционерите на ВМРО-ДПМНЕ не биле во армија.

 

Пишува:Стефан Влахов-Мицов

 

Претходно «
Следно »