September 18, 2021, 8:40 am

Колумна на Трифун Костовски: Молк – до кога?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Би сакал со вас да го споделам сопственото искуство за стечајните постапки кои во Република Македонија се водат со децении. Во обичниот модерен свет овие постапки траат долго, ама не бесконечно. Причина за денешнава колумна се токму стечајните постапки кои се водат за фирми поврзани со мене и кои траат бесконечно и без никаков епилог.

По втор пат ќе ја споменам стечајната постапка на Градски аптеки – Скопје, која трае веќе 16 години, без никаков финален резултат. Сакам да споделам со вас дека тогашното ЈЗУ – Јавана Здравствена Установа, се претвори во ПЗУ – Приватна Здравствена Установа, а во процесот учествувавме со еднакви удели ние како ГОФИ, ЗЕГИН и Алкалоид. Сите три именувани фирми имаа свој извршен директор и одлуките се носеа со двотретинско мнозинство. Матните игри на Зегин од почетокот беа насочени кон водење во стечај на Градските аптеки, бидејќи во нив гледаше вистинска конкуренција во аптекарскиот бизнис. Во извесна мера, за носењето во стечај имаше улога и Алкалоид. Во договор со Алкалоид, Гофи ги откупи уделите на Алкалоид во целост и ги исплати, меѓутоа на Собраниетото на акционери, денес веќе покојниот Ненад Симоновски кој беше извршен директор во името на Алкалоид, не се појави на Собранието од за мене многу сомнителни причини. Местото и улогата на Алкалоид во оваа некоректна игра не можам да ја разберам, меѓутоа ве уверувам дека и на овој предмет ќе се посветам со голема жестина, бидејќи ваквите непринципиелни и далеку од бизнис логиката однесувања се типичен пример за појава на девијантни појави во општеството. Господинот Ненад Симоновски, тогашен Извршен директор и претставник на Алкалоид во ПЗУ, ми беше кажал дека му било забрането од менаџментот на Алкалоид да биде присутен на овој акционерски собир. Тоа практично значеше дека без појавувањето на претставникот на Алкалоид, Собранието нема легитимитет да се одржи и неговите одлуки се невалидни. Во периодот пред да почине од ковид-19 Господинот Симоновски неколку пати ми посочи дека е спремен и да сведочи. За жал денеска го нема, меѓутоа сум убеден дека имал луѓе околу себе кои може да ја потврдат оваа информација.

За жал после овој настан ПЗУ беше комплетно блокирана во своето работење и мораше да оди во стечај.

Денес што имаме од Градски аптеки? Имаме стечајна управа која веќе 15 години редовно си ги наплатува своите услуги, ги рентира аптеките во голем процент на фармацевтската куќа Зегин и работата изгледа во стилот „еден плаќа,a другите уживаат“.

Дали е ова патот по кој треба да оди Македонија во практикувањето на бизнисите каде моралот и достоинството се длабоко закопани, надвладува алчноста да се одземе нечие, без скрупули.
Почитувани пријатели, за Градски аптеки во наредните мои колумни ќе бидете информирани во детали, бидејќи јавноста денес мора да знае во која држава живееме и како се водат бизнисите во Република Македонија. Ова уште повеќе ме поттикнува да го искажам ставот дека Македонија не е земја за просперитет на доблесни луѓе изградени со морал. Токму затоа имаме масовни иселувања на младите од Република Македонија. Ова е земја каде грабежот се третира како успех – тоа е парадоксот кој што владее во Македонија.

Почитувани пријатели, повторно ќе се навратам на Еуростандард банка која денес е во стечај. Молкот царува во сите сегменти на нашето опкружување. Стечајниот управник на Еуростандард банка во стечај молчи. Актуелниот Министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, молчи, Народна банка молчи. Неможам да разберам и после толку мои јавни повици кон одговорни луѓе кои директно или индиректно се вмешани во стечајот на Еуростандард банка, се’ уште да се соочувам со целосен молк. Ве уверувам дека нема да дозволам Еуростандард банка да падне во заборав со нејзиното криминално носење во стечај. Ако прогледав  низ прсти  дека на секој може да му се случи „Градски аптеки“, овојпат заклучив дека случајности нема во бизнисот и дека ретроактивно ќе го покренам прашањето за стечајот на Градски аптеки. Не сакам да ја оптоварувам јавноста за колкави суми станува збор, но само ќе споменам дека се работи за големи суми на средства.
Почитувани пријатели, цело време настојувам да го сочувам својот спокој бидејќи само така ќе можам да ја водам мојава битка. Признавам дека на моменти ме обзема и бес кој знам дека ми е непријател и цело време настојувам да го контролирам. Прашање од еден денар – зошто ова мене ми си случува во мојава Македонија? Зошто стекнатиот имот кој чесно го заработив во Европа да ми биде предмет на грабеж. Каде е системот да го заштити мојот капитал и мојот интерес. Да повторам капиталот кој го донесов во Македонија е чесно заработен.

Почитувани пријатели, токму ова е поривот за мое можно натамошно политичко активирање, бидејќи единствениот ринг на кој што можеме да го победиме ова зло е токму политичкиот ринг и да ги промениме политичките врхушки кои до денес молчејќи го подржуваат овој организиран криминал. Нови доблесни луѓе со чесен приод и се потребни на Македонија.

Простете можеби не сум скромен, ама и јас чувствувам дека сум ѝ потребен на Македонија. Дали ќе успеам? Пријатели не се поставува прашањето дали ќе успеам! Ние мора да успееме! Со мене или без мене сеедно, ама мораме. Овој мој порив не е предизвикан само да си го вратам сопствениот стекнат имот, туку многу повеќе за да ваквите злосторништва се елиминираат од нашето секојдневие, да не страдаат други невини лица кои несомнено еден ден ќе бидат следните жртви.

Почитувани пријатели во овие жешки денови, убеден сум дека и жешките зборови во мојава колумна ќе разбудат кај секој од вас чувство за одговорност кон идните поколенија. Младите поколенија учат од нас повозрасните. Ако учат од актуелните политички елити што владеат во Македонија во последните две децении, тогаш дефинитвно сме заталкале и судбината ќе ни биде целосно неизвесна.
Отворено прашувам, на веб страницата на Народна банка на Македонија, на страницата посветена на интервјуа на гувернерката Анита Бежоска , го нема објавеното интервјуто од Фокус, објавено на 3 септември 2020 година. Би требало да се запрашате зошто?

Почитувани пријатели, тоа е токму затоа, бидејќи во самото интервју таа го маргинализира местото и улогата на Еуростандард банка во банкрскит систем на Македонија, а од друга страна ја најавува нејзината веќе одамана донесена одлука за носење во стечај на Еуростандард банка, велејќи дека таа успеала да обезбеди, замислете, успеала да обезбеди додатни 11 милиони евра од нас акционерите за да ги заштити интересите на правните и физички лица во банката. Се прашувам, со каков интелект располага госпоѓата Бежоска? Време е да се запрашаме сите со каков интелект се водечките личности на највисоките институции во Република Македонија. Интелектуалната подпросечност владее во Македонија, а вие размислете.

Пишува: Трифун Костовски

Html code here! Replace this with any non empty raw html code and that's it.

Latest News

Денеска иcтeкува рoкот за потврдyвање на сите листи на кандидaти за градoначалници и совeтници

Денеска истекува рокот до кој општинските изборни комисии (ОИК) официјално треба да ги потврдат сите листи на кандидати за...

More Articles Like This