КОМАНДАНТ ВЕНТИЛИ ПО НАВИКА ГИ ЗАТВОРИ ВЕНТЛИТЕ НА ПАЉУРЦИ: Богданци без вода, земјоделците во паника – Заев на одмор во Шпанија

  • July 3, 2017

Откако новата Влада го презеде водењето на државата, покрај непромислените потези кои тие ги направија на меѓународно поле, ретерирањето од ветувањата за повисока просечна и минимална плата, ги затвориле вентилите и до опасност од пресушување ќе ја донеселе акумулацијата Паљурци.

Од Водостопанството на Република Македонија во допис до Министерството за животна средина и просторно планирање, со кое раководи Садула Дураку, побарале да се обезбеди потребната количина на вода за акумулацијата, бидејќи акумулираната вода во овој момент е далеку под доволно.

Покрај проблемот со пресушувањето во дописот се вели дека поради овој со затварање на вентилите може да доведат и до финансиски трошоци за Водостопанство, поради тоа што ќе треба да се плаќаат пенали, поради неиспорачаната вода согласно договорите за користење вода за наводнување.

-Состојбата со акумулираната вода во акумулацијата Паљурци е многу неповолна, бидејќи вкупната корисна акумулирана вода до овој момент изнесува 601.500 м3. Оваа количина на вода е недоволна за завршување на сезоната за наводнување. Потребите од вода на веќе договорените површи за наводнување ќе бидат доволни само да средината на месец јули. За успешно да се заврши сезоната за наводнување и АД Водостопанство на РМ да не плаќа пенали заради неиспорачана вода согласно договорите за користење на вода за наводнување, потребно е да се обезбеди количина од 2420.000 м3 вода. Оваа количина не може да се обезбеди од врнежи и дотокот во акумулацијата. Постои можност(со две пумпи од 100 лит/сек) од хидро системот Спас за дојранското езеро директно да се пумпа преку цевководот во системот за наводнување Паљурци, пишува во дописот од АД Водостопанство до Министерството за животна средина и просторно планирање.

Инаку на позицијата министер за животна средина и просторно планирање од страна на Зоран Заев беше поставен, Садула Дураку, познат како Командант Вентили, кој на јавноста и е познат по тоа што во 2001 ги затвори вентилите на Липковска брана, со што го остави Куманово без вода два месеци. Тогаш на кумановци вода за пиење им носеа со цистерни.

Претходно «
Следно »