КОМЕНТАР НА РУСКОТО МНР: Обидите за поткопување на угледот на Русија, се дел од стратегијата за подгревање на ситуацијата во Македонија!

  • February 13, 2017

Македонската редакција на германски „Дојче Веле“ минатата недела во срамен текст, се обиде да ја спинува изјавата на Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров кој пред речиси две години, најави дека има оперативни сознанија дека се работи на план за поделба на Македонија помеѓу Албанија и Бугарија. Две години подоцна, американскиот конгресмен Дана Рорабакер го потврди она што Лавров го осуди и предупредуваше дека значи голема опасност

rusko_MNR

На обидот за манипулирање со зборовите на Лавров од страна на „Дојче Веле“ кои се обидоа да ја претстават неговата изјава како „Руски план“ остар коментар испрати и официјална Москва.

Коментарот гласи:

 

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

„Обрнавме внимание на вознемирувачката содржина на написот објавен во македонската редакција на “Дојче Веле” во кој се прави обид на Министерот за надворешни работи на Руската Федерација, г-дин Сергеј Лавров, да му атрибуира идејата за поделба на Република Македонија која неодамна ја искажа г-дин Дејна Рорабакер. Сергеј Лавров не само не ги даваше таквите изјави, туку спротивно одлучно ги осудуваше провокациите од тој тип.

Јасно е дека оваа измислица е чиста провокација чија цел е да се поткопа угледот на Русија во Балканскиот регион, уште повеќе да ја “подгрее” ситуацијата во Македонија. При тоа грубото мешање на поранешната администрација на САД и на ЕУ во внатрешните работи на македонската држава, користење на деструктивните методи на “обоената револуција”, обидите да се наметнат шеми на формирање на власта кои и се спротивни на волјата на гласачите изразена на парламентарните избори кои се одржаа на 11 декември 2016 година кај споменатото издание не доведоа до демант. Убедени сме дека таквите пројави на крајот на краиштата водат кон поткопување на сувернитетот и територијалниот интегритет на Република Македонија.“

[/kopa_block_quote]

Претходно «
Следно »