Компанијата на милијардерот Бренсон планира да тестира вселенски брод за туристи

  • February 20, 2019

Компанијата на милијардерот Ричард Бренсон, „Вирџин Галактик“ планира да тестира вселенски брод за туристи, наречен „Спејс шип 2“, јави Ен-Би-Си.

Тестовите ќе се спроведат над пустината северно од Лос Анџелес. Нема подробности за тоа што во експерименталното летало ќе биде подложно на испитување, но, се очекува, меѓу другото, фокусот де биде ставен на рамнотежата на летечкиот објект.

Во декември, леталото достигна височина од 82,7 километри над Земјата. Тоа е близу Линијата на Кармен, од која се смета дека започнува Вселената.

Програмата на „Вирџин Галактик“ за туристички орбитални летови мина низ неколку сериозни проблеми, меѓу кои и уривањето на едно експериментално летало 2014 година.

Но, и покрај тоа, Бренсон тврди дека има многу луѓе, кои се подготвени да платат 250.000 американски долари за да престојуваат во Вселената.

Самиот Бренсон пак, сака да отпатува во Вселената на 50-годишнината од првото стапнување на човек на Месечината, што е на 20 јули годинава.

Претходно «
Следно »