КОМУЊАРСКАТА АВАНГАРДА ЗБОРУВА ЗА ЧЕНТО: Наместо да се извинат што го убија Ченто, тие го користат во политичка пропаганда!

Поврзано

КОВАЧКИ: Партијата што целиот историски развој го должи на проруска и просрпска структура не oбвинува дека сме против НАТО и ЕУ

Обвнувањaта дека ВМРО-ДПМНЕ е анти НАТО и aнти ЕУ се смешни и се за внатрешна употреба. Партијата што целиот...

НАРОДОТ ИМ Е КРИВ: Нeспособноста на СДСМ за која сега винoвни се граѓаните кои ги затворија како во притвop два месеци дома ќе не...

Македонија под власта на СДСМ има најлоши резултати во бopбата против коронавирусот Власта не треба да ја бара вината кај...

ЈА ПРОДАДЕ ЗЕМЈАТА: Заев ги прифаќа барањата на Бугарија за уkинување на македонската историја

Факти на денот според ВМРО-ДПМНЕ: 1. Главен актер во случајот Реkeт е Зоран Заев. 2. Со барањето брзи избори Заев ќе...

Несреќникот кој служи како портпарол на СДСМ Петре Шилегов на својот ФБ профил се дрзнал да напише статус во кој вели дека некогаш тие како него се интересирале кој го убил Ченто, а денес сите се интересирале за убиство на некој естраден уметник

cento_petre

 

Методија Андонов – Ченто е македонски национален борец, деец и политичар и прв претседател на Президиумот на АСНОМ. Често, поради неговата функција на претседател на Президиумот на АСНОМ, Ченто се именува и како прв Претседател на Македонија.

Првите несогласици на Ченто со комунистите, особено со Светозар Вукмановиќ – Темпо, почнуваат многу брзо по неговото преминување на слободна територија. Меѓу другото, Ченто упатува забелешки на содржината на Манифестот на Главниот штаб.

По ослободувањето на земјата несогласиците со тогашниот македонски врв продолжуваат. Ченто се противи 15-от македонски корпус да оди на Сремскиот фронт, се залага за обединување и поголема самостојност на Македонија, се противи на враќање на имотот на избеганите српски колонисти и се залага за поголема финансиска независност и залагање за сопствен буџет на Македонија и на останатите југословенски републики. Комунистите пополека му ја одземаат реалната власт и поради несогласувањето со мерките што ги преземаат комунистите, Ченто на 14 март 1946 година поднесува оставка на функцијата претседател на Президиумот на Народното Собрание на Македонија.

Сака да се повлече од политиката и намира да живее во Прилеп, но на 14 јули е уапсен од полицијата пред својата куќа во Прилеп, а на 31 јули Министерството за внатрешни работи објавува дека Ченто бил уапсен поради обид за бегство во Грција. На 8 август против него е покренат обвинителен акт, а на 19 ноември е изведен пред суд во состав: Панта Марина (претседател) и Лазар Мојсов и Коле Чашуле, членови. Судењето трае доста кратко и по два дена, на 21 ноември, Ченто е осуден на 11 години затвор. Затворен е во скопскиот затвор „Идризово“ каде во најтешки услови бил во „специјалната ќелија“ и бил чуван од посебна стража и му биле дозволувани триесет минутни прошетки на одредено место во затворот и еднаш неделно биле дозволувани посети на членовите на неговото семејство. Додека бил во затвор, властите често му нуделе да признае и потпише дека згрешил и се покајува, по што животот ќе му бил наполно обезбеден.

Актуелно

ДО КОГА ЌЕ ГО ПУШТАТЕ ДЕВОЈЧЕТО ДОМА РАСПЛАКАНО?: Заев ја oбвини Нина Групер за лошата состојба на буџетот

Планира ли Зоран Заев да ја пyшти низ вода министерката за финансии, Нина Ангеловска? До кога ќе го пуштате...

СКАРАНИ СО ЛОГИКА, ОЧИГЛЕДНО ГИ СОВЕТУВА ЗАЕВ: Поради непочитување на мерките Комисијата за заразни болести препорача укинување на полицискиот час

Поради непочитување на мерките за заштита од коронавирус во државата, Комисијата за заразни болести ѝ препорачува на Владата укинување на полицискиот час, отворање на...

СКОПЈЕ ЕПИЦЕНТАР НА ЗАРАЗАТА: 16 нови случаи на коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 14 оздравени пациенти во: Скопје-3 и Тетово-11. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни...

РУСКОСКА: Јанева ја избра страната на злoтo, торбата Луј Витон завршила кај родителите на Јовановски

Катица Јанева уште е во филмот на Чарлиевите Ангели, со овије зборови обвинителката Вилма Рускоска, ги почна завршните зборови за предметот „Рекет“. Според неа, Јанева...

OД КАДЕ МУ ИНФОРМАЦИИ НА КУРТИ: Избори во Македонија ќе има во јули

– Вршителот на должноста премиер на Косово Албин Курти денеска повторно се заложи за вонредни парламентрни избори во неговата земја, наведувајќи неколку држави во...

Повеќе вести