КОНГРЕСОТ СЕПАК ЌЕ СЕ ОДРЖИ, ОСТАВКАТА НЕОТПОВИКЛИВА: Христијан Мицковски со официјална изјава од Централниот комитет на партијата!

  • December 10, 2017

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за датумот и местото на одржување на вонредниот конгрес на партијата, а утврден е и бројот на делегати кои ќе учествуваат на Конгресот – изјави предмалку генералниот секретар на партијата Христијан Мицковски, демантирајќи ги претходните инфомации на А1Он.мк дека ЦК на ВМРО-ДПМНЕ ја отфрлила препораката на ИК за одржување на вонреден Конгрес

 

Конгресот ќе се одржи на 22-ри и 23-ти декември во Валандово, а ќе присуствуваат 544 делегати. Списокот на делегати ќе биде објавен на официјалната страница на партијата по завршување на седницата на Централниот комитет. Дневниот ред сеуште не е утврден и допрва ќе се утврдува, соопшти генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски поднел неотповиклива оставка пред Централниот комитет.

100 членови на ЦК гласале за вонреден конгрес за избор на нов претседател на 23 декември, 1 против и 10 биле воздржани.

Претходно, во порталот А1Он.мк шпекулираше дека ЦК ја отфрило оставката на Груевски и датумот за организирање на Конгрес.

Претходно «
Следно »