December 4, 2021, 4:56 pm

Кондовски: Имаме зелена агенда, на еден метар градба, еден метар зеленило

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ќе работам на ефикасноста на општината со забрзана динамика, односно општината да одговара на време на барањата на граѓаните и да биде нивен сервис, вели кандидатот за градоначалник на Битола од СДСМ и Коалицијата, Христо Кондовски.
Тој во дебатата на Телма телевизија додаде дека ќе работи најмногу на инфраструктурата и оти даноците на битолчани ќе бидат инвестирани во капитал, кој ќе создава додадена вредност.
-Треба да се работи на креирање и на ГУП, како и ДУП-ови што го заложуваат севкупниот развој, а ќе работам и на зелената агенда. Не е прашање дали да се гради туку како да се гради, за еден метар бетон, ќе има еден метар зеленило, кажа Кондовски.
Тој уверува дека знае како да менаџира со градот и дека се што било под тепих и желба на битолчани знае како да го реализира.
-Како економист со сериозни намери имам планирано рокови, буџети и локации каде треба да се реализираат проектите, рече Кондовски.
Кандидатот за градоначалник на Битола вели дека од неговиот противкандидат Коњановски слуша само црна пропаганда и апсурдна програма, а ниту еден проект.
-Немате смелост и знаење пред битолчани да кажете конкретни рокови за проекти иако со фамилијата сте дваесет години во политиката, му порача Кондовски на неговиот противкандидат.
На прашањето кое ветување од противкандидатот би го спровел, Кондовски рече дека неговата програма е апсурдна, нема проекти, но, оти сепак паркот во Нова Битола е добра идеја. Ако од идеја преминат на проект, додаде, тоа можам да го реализирам.
Тој нагласи дека ќе биде градоначалник на сите и додаде дека бил деградиран од црната кампања ВМРО-ДПМНЕ на лична основа.
-Имам официјален документ од казнена евиденција со кој се потврдува дека не сум сторил кривично дело, рече Кондовски.
Тој вети дека за четири години болницата, СВР Битола и други институции ќе бидат опфатени со гасификацијата.
-Мојот порив за влез во политиката е гасификацијата на Битола, рече Кондовски додавајќи дека досега недостигал менаџер кој има сила тоа да го сработи.
За четири години, нагласи Кондовски, оние 2,8 километри за кои има проект ќе се реализираат, за десет километри дополнително ќе се направи проект и ќе се завршат. Според него, првите објекти ќе бидат вклучени за четири години.
Тој додаде дека во однос на топлификацијата, за четири години ќе се приклучат болниците, СВР Битола и други институции.
-Гасификација и топлификацијата се приоритет во наредните четири години и ќе се заврши 12 километри долгата гасоводна мрежа. 35 објекти и мрежа од 12,8 километри, што се однесува до топлификацијата, ќе бидат приклучени и реализирани. Инвестициите се по милион евра, кои се обврска на Општина Битола, истакна Кондовски

Latest News

Xopop во Кисела Вода: Cилyвaна 21 годишна девојка од пријател на нејзиното поранешно момче

На 03.12.2021 во 18.00 часот К.Н.(21) од Скопје пријавила дека на подрачјето на Кисела Вода ѝ била извршена обљуба...

More Articles Like This