Конечно потопол ден

  • December 3, 2018

Понеделник ќе биде малку потопол ден во однос на претходните три дена. Ова мало затоплување ќе биде приметно и преку минималната, но и преку максималната очекувана температура.

Минималната температура низ котлините во западниот, централниот и северниот регион очекуваме да има вредности помеѓу -2°С и 1°С а во југоисточниот крај околу 2°С.

Максималната температура воглавно ќе има вредност помеѓу 6°С и 9°С низ понискте места, со исклучок на Гевгелија и околината, каде ќе биде малку „потопло“, со максимална околу 12°С.

Утрото ќе биде воглавно ведро, но со услови за слаба сумаглица низ котлините. Претпладне насекаде ќе биде претежно сончево. Попладне од северозапад се очекува придвижување на облачна маса, што ќе резултира со умерена облачност која попладне ќе ги зафати севените краишта, а приквечер и останатиот дел од земјава.

Скопскиот крај очекува ведро утро, со услови за слаба сумаглица. Попладне и приквечер очекуваме умерена облачност.

Температура ќе има минимална вредност околу -1°С, а максимална вредност околу 9°С.

Извор:zase.mk

Претходно «
Следно »