December 9, 2021, 12:03 pm

Конечно разладување: Времето до крајот на денот нecтабилно со локален пороен дожд, од утре сончево и посвежо

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Скопје, 11 август 2021 (МИА) – Времето до крајот на денот ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на невреме со град. Нестабилното време ќе се задржи и во вечерните часови, локално во форма на невреме. Во текот на ноќта ќе биде малку до умерено облачно со слаб до умерен северен ветер, информираат од УХМР.
Утре сончево и малку посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната од 31 до 37 степени. Во Скопје претежно сончево со умерен, попладне повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде 18, а максималната ќе достигне до 35 степени.
Од утре следува период на стабилно и топло време со просечни температури за овој период од годината. До сабота ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, известуваат од УХМР

Latest News

Двајца велосипедисти прегазени во Тетово, возачот на автомобилот тешко повреден

На 08.12.2021 во 23.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на кружниот тек од бул.„Видое Смилески Бато“ со...

More Articles Like This