КОНЕЧНО УБАВА ВЕСТ: Наскоро намалување на цената на зелениот картон

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Веќе разгледуваме варијанти за да го поевтиниме зелениот картон, затоа што нормално ако е скап не го купуваат. Ако го намалиме на ниво на регионот колку што го има, ќе си вадат сите зелен картон.

Тоа е во преговори со осигурителните компании и со сето она што претставува како трошок во зелениот картон како користење на патишта и друго, рече премиерот Зоран Заев на денешната трибина „На прав пат” во Куманово.

Цената на зелен картон на патничко возило до 66 киловати на годишно ниво е 3.690 денари, а за над 66 киловати за една година е 5.536 денари. Цена за патничко возило до 66 киловати за месечно ниво е 1.850 денари, а за возило над 66 киловати e 3.075 денари. За влечните и специјалните возила, мотоциклите, приклучни и работни возила цената е 5.536 денари.


Цената за товарните возила и за автобусите е 17.222 денари. Важност на годишната зелена карта е во рамките на времетраењето на полисата за автомобилска одговорност, односно истекува со регистрацијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This