January 19, 2021, 9:18 am

Конференција за млади лидери

Поврзано

Чива е реформата на образованието? Царовска пресреќна дека концепцијата ја пишувале странци а не таа

Министерката за образование и наука Мила Царовска во синоќешната дебатата на ТВ Клан рече дека за реформите во образованието...

Пpвитe вakцини кoи ќe пpиcтигнaт од Србија, ќе бидат за мeдицинcки пepcoнaл и хpoничнo 6oлнитe

Министерот за здравство Венко Филипче заедни со неговиот српски колега Златибор Лончар ги договараат техничките детали и точното време...

Kaнцepoгeни гacoви oд зaпaлeни гyми и плacтикa: Штипска фирма ги тpye гpaѓaнитe

Државниот инспекторат за животна средина извршила вонреден надзор врз „САНС-АГ“ увоз-извоз ДООЕЛ ШТИП на 17 декeмври минатата година по...
- Advertisement -

„Предизвици и можности за младите денес“ е темата на конференцијата за млади лидери што на иницијатива на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов ќе се одржи денеска во Струга.

132671774-91217

Идејата на претседателот Иванов за одржување на Школата, како што соопштуваат од неговиот Кабинет, е да им се овозможи на младите, талентирани и иновативни луѓе од Македонија и наши иселеници да ги надградуваат и усовршуваат своите вештини, да ја развиваат својата креативност и способности, преку предавања и обуки од сферите на лидерството и менаџментот.

Учесници на Конференцијата за млади лидери „Предизвици и можности за младите денес“ се претставници на седумте генерации на Школата за млади лидери, што по иницијатива на претседателот Иванов, се одржува од 2010 година.

Предвидено е на отворањето на конференцијата да се обратат претседателот Иванов и амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Република Македонија, Џес Бејли.

Во изминатите седум години на Школата за млади лидери учествуваа 280 млади луѓе и 167 предавачи од земјава и од странство. Учесниците на досегашните школи се организирани во Алумни асоцијација – ИСЛАА, која низ семинари, панел дискусии, предавања и учества во младински настани овозможува продолжување на развојот на нивните знаења и вештини.

Конференцијата за млади лидери „Предизвици и можности за младите денес“ е поддржана и од Фондацијата Алијанса на Цивилизациите.

Latest News

Заев caкa мeтoдитe нa мaнипyлaции и фaлcификaти нa избopи, дa ги пpимeни и зa пoпиcoт

Секаде во светот се попишуваат граѓани кои живеат во одредена земја, само пописот по стадарди и методологија на Заев...

More Articles Like This