September 28, 2021, 11:45 am

Копија од Мона Лиза продадена за неверојатни 2,9 милиони евра

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Колекционер од Европа купил копија од Мона Лиза на Леонардо да Винчи од 17 век за 2,9 милиони евра, што е рекордна цена за репродукција на Мона Лиза.

На аукција во куќата „Кристи“, продадена е копијата позната како „Хекинг Мона Лиза“ по цена која стана нов рекорд.

Ова е лудило, ова е апсолутен рекорд за репродукција од Мона Лиза, изјави претставничка за односи со јавност на аукциската куќа „Кристи“.

Додаде дека на меѓународната акција имало 14 понудувачи и дека во последниот час понудите пораснале од 500 илјади на 2,4 милиони евра, пред да биде понудена конечната сума од 2,9 милиони евра.

Сопственикот кој ја продал сликата, инаку безуспешно тврдел дека копијата ја купил како оригинал во педесетите години од минатиот век.

Latest News

Пpoтeчe вaлкaнaта виcтинa зa Меланија – ceмejcтвото Тpaмп нa чeкop oд ckaндaл нa дeцeниjaтa?

Поранешната портпаролка на Белата куќа, Стефани Гришам, која во текот на четирите години поминати во администрацијата на Трамп главно...

More Articles Like This