Коронавирусот ја одложи Галичката свадба, наместо на Петровден ќе се одржи на Пресвета Богородица

Поврзано

Стоилковски: Пола година, толку требаше, некој за оваа состојба треба дебело да одговара

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски преку статус на Фејсбук пишува дека некој за ситуацијата со поскапувањето на струјата треба...

Дocтa е од коалиции со ДУИ

Доста е веќе од коалиции по секоја цена, вели филозофот Љубомир Цуцуловски, кој на својот ФБ профил го коментира...

Кapaкамишева: CДC и ce e мoжнo

Ако конститутивната седница на Собранието е завршена, како што велат од СДС, тогаш како Собранието се конституираше без избран...
- Advertisement -

Месната заедница Галичник објави дека поради предизвикот со коронавирус, и во интерес на заштита на јавното здравје како врвен приоритет, Советот на МЗ Галичник одлучил одржувањето на Галичката свадба да го направи на вториот голем празник „Пресвета Богородица“, односно на 28 август со надеж дека до тогаш ќе се создадат услови за целосна организација.

Во продолжение ви го пренесуваме целото соопштение:

„Велат, традицијата е обичен притисок од умрените врз живите. Ние, нашите претци си ги каниме на свадба. Велат, традицијата е илузија на постојаност. Кај нас нема привид: сѐ дури ја имаме, живи сме и ние и нашите претци, тука се и тие што идат по нас.

Нашата потреба да ја одржиме традицијата е исконска, автентична. Нема притисок, има љубов. Во нашите обичаи нема привид, тие се живи, дишат со нас, ние со нив сраснати. Времињата се менуваат, секое со своите предизвици. Годинава, соочени со предизвикот на Ковид-19, и во интерес на заштита на јавното здравје како врвен приоритет, Советот на Месна заедница Галичник одлучи одржувањето на Галичката свадба да го направи на вториот голем празник Пресвета Богородица односно на 28 август со надеж дека до тогаш ќе се создадат услови за целосна организација.

Разговаравме долго, го обезбедивме традиционалното покровителство на Свадбата од Претседателот на државата, се консултиравме со стручни лица од областа и со Комисијата за заразни болести, развивме сеопфатен протокол, но сфативме дека со оглед на моменталната епидемиолошка состојба, манифестацијата Галичка свадба не треба да се одржи на Петровден. Будно ќе ги следиме состојбите и препораките, и се надеваме дека Свадбата ќе ја одржиме наскоро. Прилагодувањето е одлика на умните и истрајните, на тоа нѐ учи и природата.

Со одредени прилагодувања на секојдневието, тоа ќе врви, ќе може да ги правиме нештата кои ни го прават животот вреден за живеење, а болеста ќе има малку или никакви шанси да нѐ допре. Смислата на свадбата е љубовта. Ако се обединиме околу неа, нема нешто што е невозможно. За да сме живи здрави и на број (па и побројни!), да имаме свадби со сите салтанати, да си помогнеме. И да успееме и да не успееме, ќа нѐ пишит и ќа нѐ кажувает. Си ја зноеме работата! Свети Петар напомош!“

Latest News

Пpoтести во Израел, десетици илјади дeмонcтранти се собраа пред резиденцијата на Нетанјаху и бараат оcтавка

Пред резиденцијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Ерусалим, се собраа 15.000 луѓе кои се незадоволни од справувањето на...

Таравари: Би влегле во коалиција со ДУИ само под еден yслов

Би влегле во Влада со ДУИ само доколку мандатар биде Насер Зибер, истакна за Телма, Арбен Таравари, од Алијансата за Албанците. – Формирањето на Влада...

(Видео) Либан зaпaѓa во xaoc – пpoтecти, вojcka и kypшyми на улиците на Бејрут

Либанската армија излезе на улиците на Бејрут во обид да ги смири протестите кои се разгореа по апокалиптичната експлозија која се случи претходно неделава....

Уапceн гостиварчанец порaди трговија со луѓе, привeдени и десет жени затечени во неговиот угостителски објект

Десет женски лица од Македонија, Албанија и Косово биле пронајдени во угостителски објект во село Добридол, Гостивар. Сопственикот на објектот и жените се yапсени поради...

(Видео)11 зaгинати во пожар во Чешка, меѓу нacтраданите и деца, луѓето скокаа од прозори за да се спacaт

Најмалку 11 лица зaгинaa во пожaр што се случил во станбена зграда во градот Бохумин на североистокот на Чешка, соопшти чешкото Министерство за внатрешни...

More Articles Like This