КОСОВО ДОБИВА СЕРИОЗНА КОЛИЧИНА BOOPУЖУBAЊЕ ОД САД: Косовската армија станува помоќна од Македонската со помош на САД!

  • December 23, 2018

Претседателот на косовскиот парламент Кадри Весели рекол дека Приштина ќе добие нова воена опрема која ја донирале Соединетите Американски држави

Весели за „Газета експрес“ рекол дека започнале со набавка на опрема, оклопни возила.

„САД се наш најзначаен партнер. Ни даваат поддршка во вoopужување и тоа само што почнува. Ќе имаме околу 250 оклопни возила. Тие пристигнуваат. Ќе имаме и друго вoopужување за одбрана на нашиот воздушен и копнен простор“, рекол Весели, пренесува Танјуг.

Тој тврди дека доктрината на Приштина не е агресивна, туку дека е доктрина на партнерство, добрососедство и „исполнување на обврската која Косово ја превзема со своите меѓународни партнери, на полето на глобалната безбедност“.

Весели вели дека војската формирана на 14. декември, претставува продолжение на ОВК.

Некогашниот лидер на ОВК рекол дека т.н. косовска војска ќе има околу 5.000 активни војници.

Претходно «
Следно »