May 16, 2021, 10:33 am

Косово ја тyжи српската влада за гeнoцид

Поврзано

- Advertisement -

Портпаролот на косовската влада, Розафа Кељменди за „Коха“ изјави дека ќе биде поднесена тужба за геноцид против Србија пред Меѓународниот суд на правдата (МСП) пред крајот на следната година, пренесува порталот „Косев“. Планот за ваква тужба го најави и премиерот на земјата, Албин Курти во својот прв говор пред пратениците по стапувањето на функцијата.

„Пред да се подготви тужбата, потребно е да се финализира работниот план, кој содржи многу технички аспекти што се вклучени во овој план. „Немаме точен датум за поднесување на тужбата, но тврдиме дека не можеме да го поднесеме пред крајот на следната година, имајќи предвид дека е потребна голема подготовка“, рече Кељменди, додавајќи дека е потребно да се финализира работниот план кој содржи многу технички аспекти пред да се подготви тужбата

Неколку експерти стравуваат дека Косово може да не го добие случајот, бидејќи првиот пат овој суд донесе одлука дека прогласувањето независност не е во спротивност со меѓународното право.

Кељменди вели дека е рано да се зборува за можните последици од пресудата, што потенцијално не може да утврди дека имало геноцид на Косово.

„Ние веруваме дека имало геноцид на Косово и ќе се обидеме да го докажеме тоа. Во оваа фаза не е соодветно да се зборува за последиците од таквата можна пресуда, бидејќи таа сè уште е во прва фаза. Сега се занимаваме со прашањето за надлежност и внатрешни и надворешни анализи на домашни и меѓународни експерти, кои ги разгледуваме во врска со можностите што ги има Косово за да ја поднесе оваа тужба“, рече порпаролката, пренесе „Косев“.

Latest News

Кopoнaтa кocи вo Индија: Haд 4000 пoчинaти лицa вo eдeн дeн, вo нeкoи peки ce пpoнajдeни тeлa oд жpтви..

Индија известува дека има мало намалување на бројот на заразени од Ковид-19 трет ден по ред, но расте бројот...

More Articles Like This