КОСОВСКИОТ ФИРЕР ОД УЧК: Косовски Албанец на натпреварот со Германија дошол маскиран како Хитлер

  • March 29, 2018

Емин Џиновиќи (58), косовски Албанец и бивш припадник на ОВК, на фудбалскиот наптревар на младите тимови на Косово и Германија дошол облечен како Адолф Хитлер

Маскиран како германскиот диктатор, со препознатливите бркови и коса залижана на една страна, Џиновиќи салутирал пред присутните. Оваа јасна провокација кон Германците никој не ја осуди. Сето ова се случувало во јужниот дел на Митровица само ден откако РОСА брутално нападна цивили при апсењето на Марко Ѓурич.

Џиновиќи од Германија на Косово доселил во 1998. година и тоа за да помогне во борбата на косовските Албанци за отцепување од Србија. По војната во Косовска Митровица отворил ресторан во кој го величел нацизмот, а набрзо бил затворен.

Живее во јужниот дел на Косовска Митровица со сопругата и пет ќерки, од пензијата која ја добива борејќи се во редовите на ОВК.

Претходно «
Следно »