КОСТАДИНОВ ФАТЕН ВО ЛАГА: Портпаролот на СДСМ ја манипулира јавноста, најголеми трошоци ги имаат токму пратениците на СДСМ

  • December 25, 2018

Портпаролот и пратеник од СДСМ, Костадин Костадинов вели дека неговата матична партија се залага за намалување на патните трошоци на пратениците, но сепак праксата е спротивна.

Во вечерашната емисија на 1ТВ откако беше запрашан Костадинов дали со предлогот за кратење на патните трошоци, односно процентот за патните трошоци, измените кои што беа направени во таа насока дека пратениците доста се откажаа од привилегиите или пак тоа беше направено само за да се задоволи јавноста тој образложи дека методологијата е таа, доколку во иднина се најде било каква друга форма со која што би биле задоволени правата на пратеникот согласно законот за пратеници, а со тоа да не се бранува или да не се иритира било што во јавноста секако дека ќе го поддржат.

„Сметаме дека е во ред намалувањето на патните трошоци, затоа и наша иницијатива е тоа, а во иднина ќе видиме дали би произлегол некој друг предлог, останува да видиме, да не преудицираме пред време.“, посочи Костадинов.

При своето излагање во емисијата Костадинов посочи дека тој лично, како и на неговите колеги од пратеничката група на СДСМ и официјален став на истата партија е дека нема да подржи закон за пратеници да добијат бенефициран стаж и да ги чека работно место по истекување на мандатот. И истиот таков ако влезе во собраниска процедура ќе го отфрлат.

Имено да потсетиме дека порталите пред неколку месеци изнесоа листа на топ пратеници кои имаа неверојатни големи суми за патни трошоци. Во листата на топ 20 пратеници според патните трошоци во овој период, рекордер е пратеничката на СДСМ Бети Рабаџиеска Наумовска и таа за шест месеци, од декември 2017-та до мај годинава добила 11.770 евра. Мира Стојчевска од СДСМ, која високо котираше и претходно, овој пат зела 10.396 евра, додека Алија Камбероски од коалиционата партија на СДСМ, ПЕИ повторно е меѓу пратениците кои имаат повисоки суми за патни трошоци, со 10.355 евра. За само половина година, пратеничката на СДСМ, Анета Симеска – Димоска добила 8.359 евра, нејзините колеги од партијата, Хари Локвенец и Милева Ѓорѓиева, по над 7.000 евра.

Претходно «
Следно »