КОСТОВСКИ: Таравари и Заев разрешија професионалци од скопските клиники, наместо нив назначија лица со криминално минато

  • August 6, 2017

Неодговорноста и неморалот на СДС добиваат загрижувачки димензии. Дел од новите директори низ скопските клиники се целосна копија на Зоран Заев и неговиот начин на владеење, чија главна карактерна црта е барањето на поткуп и криминално владеење и управување, изјави на денешната прес-конференција Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Таравари и Заев разрешија над 60 директори на клиники и здравствени установи, лица кои се професионалци во својата област, за на нивно место да назначат луѓе со криминално минато, осудени за барање поткуп, за да дадат услуга која како лекари се должни да ја дадат на секој еден пациент без притоа да бараат материјална корист. Директорот на клиниката за уво, нос и грло, Јане Нетковски јавноста го виде како е апсен за мито и му беше поднесена кривична пријава. Новиот пак прв човек на скопска Пулмологија, Дејан Докиќ е лице со судска пресуда за примање на поткуп во висина од стотици евра  кои биле пронајдени кај него, со цел да издејствува преглед на пациент. Да добро слушнавте! За да издејствува преглед на пациент! Ова не е дно, ова е подолу од дното! Прашање на време е кога здравството во Република Македонија ќе западне во тотален хаос и безредие, вели Костовски.

Тој потенцира дека СДС ја деградира медицинската професија во Република Македонија, СДС ги омаловажува сите лекари кои чесно и одговорно си ја вршат својата работа и должност со назначување на докажани митаџии за нивни директори.

-Ваквото поставување на докажани митаџии за директори не е ни малку случајна. Треба да се запрашаме која е пораката која Заев и Таравари сакаат да ја испратат до македонските граѓани и лекари со поставување на митаџии за директори на здравствените установи, пораката е јасна, се ќе оди по принципот на „евро за црквата, евро за Вицето“. Со поставувањето на кадри како Докиќ, СДС упатува јасна порака до граѓаните што би ги очекувало доколку се појават на лекар и побараат некоја здравствена услуга која ги следува согласно закон, рече Костовски.

Тој истакна и дека Таравари и Заев го претвораат македонското здравство во колатерална штета на нивното неодговорно владеење.

-Таравари и Заев спроведуваат вистински масакар во македонското здравство уништувајќи го професионализмот и деградирајќи го професионалниот кадар, за на нивно место да назначат докажани митаџии. Заради ваквата неодговорност и неспособност СДС ќе се соочи со политичка одговорност на следните локални избори и ќе биде целосно делегитимиран од страна на граѓаните, заврши Костовски.

Претходно «
Следно »