October 18, 2021, 6:07 pm

Костовски: Тројно повеќе ќе вложуваме во спортот, со добро поставена стратегија која ќе роди нови шампиони

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Општина Бутел согласно спортски резултати е најспортска општина во државта, таа треба и инфраструктурно да биде најдобра, гарантирам дека тоа ќе биде така, истакна Дарко Костовски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Бутел.

„Ви благодарам на сите од срце што дојдовте оваа прекрасна вечер, над стотина истакнати спортисти од Општина Бутел, со нас вечерва беа спортски икони и репрезентативци како Ристо Деловски, Баже Илиоски, Марјан Стефановски, Лазе Мајнов, Мартин Клинчаров, Боби Вучевски, десетина тренери со успешни спортски клубови, професори на факултетот за физичка култура, цела плејада легенди на бутелскиот ракомет и мал фудбал, и секако нашата олимписка гордост Дејан Георгиевски.

Општина Бутел ќе добие модерен олимписки компекс со:Сала за боречки вештини, голем фудбалски стадион, мултифункционална сала за Ракомет, Кошарка и Одбојка, со дел за гимнастика, игралиште за мал фудбал со вештачка трева, тениско игралиште, игралиште за баскет, целосна реконструкција на постоечкото игралиште“ – истакна тој.

Костовски порача: „Тројно повеќе ќе вложуваме во спортот, со добро поставена стратегија која ќе роди нови шампиони“!

Latest News

Еуроактив: Локалните избори ја ставија на тест владината коалиција во Македонија

Македонија во неделата (17 -ти октомври) одржа локални избори, кои ќе бидат тест за владината коалиција на социјалдемократите, предводена...

More Articles Like This