December 4, 2020, 3:28 am

КОСТОВ: Граѓаните изневерени од владата, извисени од ЕУ

Поврзано

Андоновска: Власта печали на маката на граѓаните и тестовите ги наплаќаат по огромни цени, термин и резултати се чекаат со денови

Во вечерашното издание на дебатната емисија “Заспиј ако можеш” гостуваше членот на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ и стоматолог др....

Гpчки вecник откpивa: Бyгapcки авиoни ќе го чувaaт мaкeдонcкото нeбo

Грчкиот весник „Катимерини“ пишува дека Македонија и Бугарија преговараат за вклучување и на источниот сосед во чувањето на македонското...

Ивo Инџeв: Избpaвме да го гaзиme нajcлабиот coceд

Бидејќи ги решивме сите спорови и прашања од нашата сопствена историја,тргнавме кон решавање на историски спорови со соседите. Но,...
- Advertisement -

Јавно и гласно прашувам, зошто и после два месеца ја нема ветената помош од Владата за оние кои останаа без работа и кога ќе пристигне помошта (ветеното мед и млеко) од ЕУ и НАТО? За домашна и странска помош пари нема, ама за брзи измамнички избори има сé. Пари, маски, ракавици, средства за дезинфекција.

Граѓаните повторно се изиграни и извисени. И тоа оние најранливите што останаа без работа. Ветената помош од Владата во април ќе ја добиеле во јуни. А можеби ниту тогаш. Каква невкусна лакрдија на клептократско-криминогената коалиција на власт. Ништо подобри не се
и оние бесчувствителни бирократи од Вашингтон и Брисел. Ме навредува веќе нивниот празен и измамнички алтруизам. Доста ми е од нивната лажна солидарност и во недоглед ветувачка, ама не исполнета хуманост. И едните (домашните измамници) и другите (странските
десперадоси), наместо да се справуваат со пандемијата од корона вирусот, тие истата ја користат како сламка за спас по катастрофалните неуспеси кои ги нанижаа во последните неколку години. Овие домашниве, откако ја узурпираа позицијата да владеат со државава, воведоа вонредна состојба, ја узурпираа војската и со репресивен систем секој ден заплашуваат или казнуваат намачени граѓани. Прогласи ги граѓаните за виновни, удри по нив, исплаши ги – и мир во куќи. Ама не е баш така. Состојбата од ден на ден им се измолкнува од контрола (Струга, Струмица, ИВЗ), ама со глупите соопштенија и прес конференции повторно се обидуваат да ја сменат претставата за себе, прикажувајќи се хумани, неуморни работници, одговорна и совесна власт.

Мижи Асан да ти баам. Тикви со расол. Ете такви и тоа се тие. Уште малку и оп, оп, па и херои кои ја решиле болеста. Кога под патронат на налогодавците од Вашингтон и Брисел ги вршеа велепредавствата очебијни за безмалку сите граѓани, со помошна сервилните
медиуми создаваа слика за себе дека се храбри и пожртвувани визионери. Демек херојски се дале за подобро утре (мало сутра), да ја внесат државава во НАТО и ЕУ, кои како што гледаме се во тежок распад. За уцените и насилствата што ги вршеа кога го менуваа Уставот и Името се уште ја кријат вистината. Се однесуваат како да тоа биле само маликолатерални штети за подобра иднина.

Нивните грди од неморал сурати повторно се шминкаат во триумфалистички и оптимистички бои. Лагите од нивните најпрофитабилни фабрики за искривување на вистината работат до прегревање. Ако не успеат повторно да ја потопат реалноста со сите свои криминални алатки
што интензивно ги користат сите овие години, лошо им се пишува. Но тука се појавува проблем: инфлацијата на нивните лажни ветувања во кои и нивните најфанатични трабанти веќе не веруваат. А тие трупаат ли трупаат вербални постигања и успеси, без да ги видиме и
почувствуваме во реалноста. Касата е празна за да уверливоста на нивните илузии се потхрани
со пари. Сакаат да се оди на избори, сега и одма, зошто „стоката“ – (С. Пендаровски, Стокомак) е вонредно измалтретирана и треба да се фати на препад и да прогласуваат победа и кога губат. Како со референдумот, де, сетете се. Само сега ќе имаме и лажна перцепција од долги редови за гласање (демек многу излегуваат да гласаат) поради здравствената дистанца, ама луѓе под маски и ете ти гласање – “Чик, погоди ко сам!“. И повторно за се е виновна кризата со короната за која тие немаат никаква одговорност. Тоа е глобална криза, а со тоа и оваа власт добива алиби. И од големиот поглавица од Вашингтон и од малиот поглавица од Брисел. Актерот Крсте Јовановски би рекол “Глобално алиби“. Ама јас прашувам по кој пат и до кога? Уште ли бе брате мили тие бледолики поглавици од туѓите бели дворови (Вашингтон, Брисел) ќе ни ја кројат судбината? Уште ли ќе ни ја загорчуваат сегашноста? Зошто по кој знае кој пат ни ја упропастуваат иднината?’

Сега, невидливиот вирус треба да ги покрие сите нивни злосторства кои до неподнослива болка ги бодат очите на народот. Дрвените безлични и бездушни говорници го губат курсот и трескаат глупости. Пореметен им е алгоритамот, разнебитен разумот, преплашени се од иднината што самите ја искреираа, а која заканувачки се сврти против нив. Одеднаш сфатија дека се ранливи и смртни, илузијата за божествената недопирливост сега исчезна од нивните лица што се искривија во застрашувачки гримаси на очај и страв. Сите нивни адути се пропаднати инвестиции сега. Остана само оној гротескен кастриран петел што секојдневно лицитира со бројките на заразени, починати и оздравени од тешката болест. Тој инстант произведен херој, господарот на болеста и здравјето.

Тој безизразен автомат со лик на гробар сега треба со волшебно стапче да ја укине епидемијата. А потоа, сите марш на избори. На повторно полнење кутии и фалсификување на волјата на народот. Толку пати веќе видено. Со „0“ (нула) инвенција и без трошка усул. И уште гатаат со нов бран зарази наесен. – „Ајде на избори пред да удри новата епидемија, за да можеме да ви ставиме нова вонредна состојба и полициски час”. Избори со маски, како бал под маски- политички карневал! Само бандата на власт да добие нов мандат. Ах, каква патетика. Стравовите ги шибаат како турска канѓија по грб. Ако паднат од власт, знаат дека ќе одговараат пред судот на народот. Да не заборавиме дека нашиот народ е гладен за правда. Преку таквото му е од неправда, од замолкнување, од заплашување. А и уште нешто да не заборавиме: народот е константа за се! Мерка за работите. Харизмата е во него. И никој не излегол на крај со народот. Тоа го знаат и Турците, кои мир немаа од комитите, војводите и атентаторите. А богами и фашистите/нацистите (од Германија, Италија, Бугарија) кои ја поробија Македонија, ама не излегоа на крај со партизаните, селаните и граѓаните. За петоколонашите, кодошите и одродниците и да не зборувам. Злото доаѓа од внатре, а се легитимира од надвор – од странство. На крајот секогаш си го добивале заслуженото. А мене ми се чини како за нив крајот доаѓа.

Така проаѓаат велепредавниците и кодошите. Стара прикаска е тоа. Го шитнаа Александар Македонски, се откажаа од браќата просветители, светите Кирил и Методиј, им го дадоа цар Самуил на алчните бугарски политичари, и сега, кога народот почна да се буди, не го давале Гоце Делчев, поточно после изборите ќе сме имале нова и појасна слика за македонската историја. Еј, битпазарски ја продадовте целата Македонска историја! Го дадовте името, го дадовте јазикот, се откажавте од се што е од Бога дадено на Македонците. Ја дадовте душата на народот! И, сега си замислувате дека заблескавте како преродени патриоти. Но тој блесок е евтин циркуски илуминариум, стар кодошки трик, лажно посипување со пепел. Но, без оглед на се’, запомнети ќе бидете како гнасни штеточини и болест што го нападнала македонскиот народ. Нема спас, нити утеха. Доцна ви проработе итрината овој пат. Оставивте премногу траги од вашите злосторства. Гревови кои нити можат, а нити пак смеат да бидат заборавени. Доаѓа крајот на вашата нечовечна авантура. Кога епидемијата ќе заврши, ќе ви дојде крајот и вам. Зошто вие самите сте болест, пострашна од било каков вирус или епидемија.

Latest News

Снoyден пoкaжа лавовcко cpце со пopaката до Tpaмп: Помилyвaj го Acaнж нe мeнe, спacи го нeгoвиoт живoт

Поранешниот американски разузнавач покажа какво лавовско срце има впрочем тој со последниот свој Твитер статус во кој испрати порака...

Словенија започнува масовно тeстирање со aнтигeни тестови за да се идeнтификуваат асимптоматските случаи

Владата на Словенија нарачала 1,5 милиони брзи антигени тестови за коронавирус, кои треба да започнат да се користат оваа година, рече министерот за здравство...

Андоновска: Власта печали на маката на граѓаните и тестовите ги наплаќаат по огромни цени, термин и резултати се чекаат со денови

Во вечерашното издание на дебатната емисија “Заспиј ако можеш” гостуваше членот на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ и стоматолог др. Марија Андоновска, која зборуваше за...

Вечерва снег и магла на Попова Шапка

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено со умерен интензитет, по наместа влажни коловози. Врнежи од слаб снег се бележат на Попова Шапка, но во...

Гpчки вecник откpивa: Бyгapcки авиoни ќе го чувaaт мaкeдонcкото нeбo

Грчкиот весник „Катимерини“ пишува дека Македонија и Бугарија преговараат за вклучување и на источниот сосед во чувањето на македонското небо како дел од напорите...

More Articles Like This