October 25, 2021, 8:51 am

Костов зa влaдeeњeтo нa Заев: Oд paбoтaтa вo изминaтaтa гoдинa дeнa, пpeзpeaни ce ycлoвитe зa пpeдвpeмeни пapлaмeнтapни избopи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со ова што ни се случува во изминатата година дена, за мене условите се презреани за предвремени парламентарни избори, вели аналитичарот Сотир Костов во гостување во емисијата Утро со Златев на Радио Лидер.

Костов рече дека обвинителството треба да работи и не да ја жртвува само Ременска, додавајќи дека во случајот Рекет е вмешана и Шеќеирнска а Бојан Јовановски во судница изјавил дека парите се кај Заеви.

Малку похрабри нека бидат за рекет, нека не ја жртвуваат само Ременска, таму е и Шеќеринска и сите се вмешани. Таму и Заев е вмешан, убаво кажа Боки, парите се кај Зоран и Вице Заеви, вели тој.

На прашањето дали очекува да има апсење на владини функционери, Костов вели дека не верува, бидејќи Заев фазно се откажува од луѓето околку него за тој да остане подолго на власт.

Јас не верувам во тоа, ама Заев е човек кој работи по овој систем, фазно се ослободува од луѓето околу него за тој да биде вечен и да остани подолго на власт. Но, никој не е вечен. Ослободувајќи се од луѓето јас мислам дека може да се случи нешто, рече аналитичарот Костов.

Latest News

(Видео) Кoлумбискиот нapкo-бoc нe кopиcтeл тeлeфон и copaботувaл со kpиминaлци oд Бaлкaнот

Колумбискиот главен нарко бос Даиро Антонио Усуга, познат по прекарот Отониел, кој беше уапсен вчера, е поврзан со балкански...

More Articles Like This