October 27, 2021, 9:30 pm

Котлар: Потпишувањето на Преспанскиот договор и преговорите со Софија не се храброст, туку лудоcт на власта

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ако нема што да се крие во преговорите со Софија нека ги кажат работите, а што мисли народот си кажа на референдумот, рече професор Наташа Коталар од Институтот за национална историја на гостување на телевизија Алфа во емисијата „Што не е јасно“.

Според неа за вакви прашања мора да има општествен консензус, а не политички.

„Исходот нема да биде соодветен и тоа е јасно, нема да биде соодветен за граѓаните во Македонија“, рече Котлар.

Професорката укажа дека оваа власт кога потпишува договори треба да чита што потпишува.

„Ако сте компромитиран и корумиран поинаку ги сфаќате работите. Знаете како помина целата работа со Преспанскиот, па и ова сега со Софија оди исто е резултат на една таква психологија. Идентитетот е многу комплексна содржина тука има и фолклор и култура, и историски и низа други апекти кои ја чинат таа содржина. А гледате во процесот како зборува власта за идентитетот“, рече Котлар.

Таа посочи дека овие луѓе кои потпишуваа не е храброст како што мислат, тоа е лудост.

Станува збор за лудост, категорична е Котлар.

Latest News

Заев од Росоман: Гласајте за бројот 12, за Стојан Николов за Општина Росоман да остане прогресивна, обединета, европска и економски развиена

„На 31ви, Општина Росоман ќе остане прогресивна општина, обединета која ќе го зграпчи убавото кое доаѓа пред нас, европската...

More Articles Like This