Коѕијас: Грција и натаму ќе го користи ветото против Македонија  

  • October 17, 2016

Прашањето за името е едно од неколкуте кое има сериозна тежина за грчката дипломатија. Министерот за надворешни работи Никос Коѕијас во интервју за Етнос вели дека ветото како инструмент на Атина во рамките на Европската Унија и натаму ќе се користи против Македонија.

kozias

Запрашан за директните и индиректните надворешните притисоци кон Грција за споровите со Албанија и со Македонија, Коѕијас вели дека никој не може да ја принуди надворешната политика да ги смени нејзините насоки и цели.

,,Не случајно некои не нарекуваат ,,цврсти ореви’’. Дури и пред само една недела ние поставивме вето. Ги потсетив сите дека Европската Унија мора се управува согласно владеењето на правото и законите и дека тоа е тоа што ја одвојува од другите регионални партнерства и асоцијации. Лани во јуни, ден пред мојата прва посета на поранешната Југословенска Република Македонија го искористив правото на вето кон оваа земја. Годинава го искористив ветото против воведување санкции против неа. Праксата дава одговор на прашањето. Периодот на грчкото ,,да за се’’ заврши. Живееме во време на одговорност, сериозност и трезвеност во надворешната политика која се грижи за интересите на Грција, а не за ситните озборувања’’, изјави Коѕијас.

Шефот на грчката дипломатија ја предупреди Албанија да биде повнимателна во билатералните односи, посебно во барањето права за протераните Чами, напомнувајќи дека Грција е многу посилна од оваа земја и воено и економски.

За турските амбиции за ревизија на морската граница со Грција, Коѕијас вели дека се работи за ,,нервозна сила’’ и ја спореди Анкара со експанзионистичката политика на Германија од 19-от век. На тоа треба да се одговори со мирно, трезвено и со доверливост, без потценување, но и без преценување, додава Коѕијас.

Претходно «
Следно »