October 25, 2021, 8:17 am

КОЅИЈАС ОТКРИВА: Грција ќе ѝ достави на Македонија спогодба во четири точки. Потребно е Македонија да направи уставни промени. Промени на Уставот, преамбулата и два члена

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Предлози за името, иредентизмот, меѓународни и регионални односи на Македонија и мерки за позитивна агенда се четирите точки во нацрт-спогодбата што Грција кон средината на Февруари ќе ѝ ја достави на Македонија, откри шефот на грчката дипломатија за грчката државната телевизија ЕРТ.

Според Коѕијас, спогодбата уште е во фаза на формулација, а потоа најпрво ќе ѝ биде презентирана на грчката, а потоа на македонската влада. Доколку биде прифатена, ќе претставува основа за решавање на проблемот, ќе треба да добие зелено светло од парламентите на двете земји.

– Во оваа спогодба ќе бидат вклучени сите теми што се отворени во врска со името. Посебно поглавје за иредентизмот, но и за темите што се однесуваат на иднината на земјата, за нејзината интеграција во меѓународни организации и позитивна агенда, како што можат дополнително да се развијат нашите односите – рече Коѕијас и објасни дека грчката страна сѐ уште ја подготвува нацрт спогодбата, а очекува кон средината на следниот месец да ѝ биде доставена на македонската влада.

Шефот на грчката дипломатија, потврди дека медијаторот доставил пет конкретни предлози, четири имиња на македонски јазик и едно Македонија (Скопје), додека пак во однос на грчките позиции рече дека, според негово мислење, името треба да биде сложено со терминот Македонија, „да не биде на англиски да биде на јазикот или јазиците на оваа земја, без превод“. Како примери дека постои меѓународно искуство за ваква формула, шефот на грчката дипломатија ги спомена Шри Ланка како земја што има едно непреведено име и Авганистан, Узбекистан, Казахстан, Пакистан како држави, чии имиња се сложени зборови што го имаат истиот збор „стан“.

– Во разговорите првата работа ќе биде кое ќе биде името, содржината на името и придавката на името, бидејќи вториот елемент на името ќе го содржи терминот Македонија како географска област. Втора работа, дали ќе биде 1 или 2 збора. Трето дали ќе се воведе на јазикот на земјата или на меѓународен јазик и четвртото дали ќе биде преведено или не – открива Коѕијас.

Во однос на преговорите за името, шефот на грчката дипломатија, ја повтори неговата позиција дека името вклучува седум прашања: името, употребата на името, идентитетот, јазикот, трговската употреба, акронимите и знаците.

Никос Коѕијас објасни дека ако постои согласност од македонска страна за спогодбата, тогаш таа ќе треба да биде изгласана од парламентите на двете земји, согласно уставните одредби за одобрување на меѓународен договор.

Шефот на грчката дипломатија во опширното и детално интервју за националната телевизија ЕРТ рекол дека за кој било договор за решение меѓу двете земји потребно е Македонија да направи уставни промени. Запрашан за тоа што би требало да се промени во Уставот, Никос Коѕијас ги посочи преамбулата и два члена, без да открие дополнителни детали.

– Кој било договор што ќе го склучиме, ако не е придружен од уставни промени или, ако сакате да ги кажете, приспособувања, ќе може подоцна кој било нов премиер, од друга политичка област, да го смени. Ќе се најде во тешка позиција сегашната влада на оваа земја, ако не се смени Уставот, а склучи меѓународни договори и следната влада ќе им каже дека дејствувале противуставно – објасни Коѕијас и додаде дека владата на Заев во овој момент нема двотретинско мнозинство за промена на Уставот, а прво што треба да направи е да го отвори процесот за измени.

Коѕијас вели дека нема да го поделат проблемот на делови, со што индиректно го отфрли и предлогот на Нимиц, објавен во грчките медиуми, за постепено решавање на прашањето.

Шефот на грчката дипломатија вели дека сака целосна употреба на решението, што според него значи и промена на македонските пасоши и лични карти.

Министерот за надворешни работи на Грција не сакаше да говори за конкретни временски рокови за решение, а во однос на тоа ако не се постигне договор до Самитот на НАТО, истакна дека Македонија без договор не влегуваат во Северно-атлантската алијанса.

– Процесот за НАТО не е дека ние сакаме да ги внесеме во НАТО, туку дека самите го бараат тоа. Ние во преговорите го користиме фактот што тие сакаат да станат членка на НАТО – рече Коѕијас.

 

9 КОМЕНТАРИ

Latest News

Македонското здpaвcтвo ce coочyвa co зaгyби нa мeдицинcки кaдap, ocoбeнo нa cпeциjaлиcти

Здравствениот сектор се соочува со загуби на медицински персонал, особено на специјалисти кои одат во приватниот сектор или заминуваат...

More Articles Like This