КОЅИЈАС СО ОСТРИ ПОРАКИ ОД ЛУКСЕМБУРГ: Скопје мора да го ратификува договорот за промена на името, инаку решение нема!

  • October 15, 2018

Скопје мора да разбере дека решение за името нема да има без ратификација на Преспанскиот договор, рече денеска грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коцијас.

Тој тоа го кажа на состанокот на министрите за надворешни работи во Луксембург, зборувајќи за билатерален договор кој ќе мора да добие зелено светло и од македонскиот и од грчкиот парламент, објави АНА.

На состанокот во Луксембург, министрите за надворешни работи разговараа за резултатите од референдумот што се одржа во Македонија на 30-ти септември, кога одѕивот беше мал, но беше дадена голема поддршка на договорот.

Претходно «
Следно »