КОЈА Е ЛОГИКАТА НА ПРИВАТИЗАЦИЈАТА НА ЗДРАВСТВОТО: Синдикатот контpa министерството

  • March 31, 2019

Државни објекти да се дадат на приватни фирми, па потоа ним да им се плаќа за услугите а можеби и за кирија. Која е логиката во ова, прашуваат од Синдикатот на Клинички центар по најавите за јавно – приватно партнерство за најголем дел од здравствениот систем.

Надлежните пак велат дека ќе се направеле заштеди зашто државата немало да менаџира со зградите, а фондот за здравствено осигурување само ќе купувал услуги.

Засега не е јасно како точно ќе се спроведе планот за приватизација преку концептот јавно-приватно партнерство, и што истиот вклучува. Тоа ќе биде познато дури во јуни, кога, како што најави министерот, ќе бидат готови физибилити студиите.

Најверојатно цели градови и региони би останале без примарна заштита и одредени специјалности што сериозно ќе влијае на квалитетот на здравствените услуги на локално ниво.

Новите владини планови, се спротивни на она што се ветуваше во предизборната кампања на СДСМ.

„Јавното здравство ќе обезбедува квалитетни и лесно достапни услуги, а граѓаните нема да имаат потреба да плаќаат медицински интервенции во приватни болници“ – стои во предизборната програма на СДСМ.

По пауза од точно 15 години продолжува приватизацијата на јавното здравство. Во 2004-та тогашната Влада на СДСМ и министрите Реџеп Селмани и Владимир Димов го почнаа процесот со приватизација на матичните лекари и стоматолози. Сега министерот Венко Филипче оди чекор натаму – се анализира како амбуланти, поликлиники и цели болници да станат нечиј бизнис, а дел од нив да добијат и клуч на врата.

Претходно «
Следно »